Како правилно се подготвуваат оризови тестенини?

Се користат во кинеската брза храна, со месо, зеленчук, во слатко-солени сосови, но и во супи. Подготовката е сосема поинаква од онаа на обичните.

Тестенините од ориз се основна храна во многу азиски земји и често се користат во супи, со месо и зеленчук во слатко-кисел сос итн... Имаат полесна структура од обичните направени од јајца и брашно, но кога ги подготвувате, треба да знаете неколку работи.

Професионалните готвачи готват тестенини од ориз со едноставно потопување во топла вода (не ладна, не топла) 10-15 минути или додека не омекнат. За разлика од пченичните тестенини, не мора воопшто да ги готвите, доволно е топла вода за да се сварат.

Кога ќе омекнат, можете да ги исцедите и да додадете месо, да ги ставите во супа или друго јадење. Бидете сигурни дека се добро зготвени во топла вода пред да ги јадете, бидејќи несварените тестенини од ориз може да бидат малку жилави.

Што е потребно за подготовка?

Сè што ви треба за да готвите тестенини од ориз е тенџере со топла вода и цедалка. Она што многумина ги мачи при нивната подготовка е тоа што не се варат како пченичните. Готвењето во зовриена вода може премногу да ги омекне и да ги направи блуткави и да личат на каша. Потопувањето во топла вода е понежен начин за термички да се обработат, а со овој метод нема грешка.

Како да знаете кога се готови?

Откако тестенините ќе киснат 10-15 минути, треба да бидат меки и еластични. За тестирање, едноставно земете парче и загризете го – треба да биде меко, но не толку меко да се раствора в уста, туку да може се џвака. Во суштина, треба да бидат ал денте.

Што ако премногу омекнат?

Ако тестенините се премногу меки, тоа значи дека сте ги задржале премногу долго во вода, па следниот пат намалете го времето на околу 5 до 10 минути. Исто така, ако испаднат премногу тврди, продолжете го времето на киснење на 20 минути.

Каков вкус имаат совршените оризови тестенини?

Тестенините од ориз имаат малку сладок, како на орев, кој добро се комбинира со различни јадења. Иако најчесто се користат во солени јадења како што е кинеската брза храна со месо и зеленчук и супи, тие можат да бидат и главната состојка во слатките десерти како што е пудинг од манго. Чувајте ги во херметички сад, во фрижидер до три дена или во замрзнувач до два месеца.

Нудли не е име само за оризови тестенини

Сите тестенини во кинеската кујна се меѓудародно познати како нудли. Но, нудлите моижат да бидат направени не само од ориз, туку и од пченица, хелда, просо, овес, грав, компири и дури и од риба. Секој вид на нудли, не само од тоа од што се направени, туку и според облчикот, во кинескиот јазик си има соодветно име, слично како видовите паста кај Италијанците. Обично зборот миен (面) се користи за нудли од пченица, додена фн (粉) за останатите, најчесто оризови.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Рецепти

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Read more

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more
 

Магазин

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе