Како правилно се замрзнува компир?

Многумина се држат до ставот дека компирот не смее да се замрзнува, ниту пак да се подгрева. Сепак, тоа е потполно неточно.

Доколку на пазар или во маркет начекате компир по поволна цена, слободно купете го иако дома веќе можеби имате доволно компири. Вишокот компир можете слободно да го складирате во замрзнувач бидејќи тврдењето дека компирот не смее да се замрзнува е апсолутно погрешно.

Сепак, за компирот да биде вкусен и по одмрзнувањето, треба да го подварите пред да го замрзнете.

Најпрво излупете го и пресечете го според посакуваниот облик - на кругови, на ленти или на коцки. Доколку не сте сигурни како во иднина ќе треба да го користите, во тој случај најдобро е да го пресечете на поголеми парчиња од кои подоцна ќе можете да ја добиете посакуваната форма.

Во големо тенџере загрејте вода, па додадете го подготвениот компир и варете додека не почне да омекнува, но не до степен да почне да се распаѓа, околу 3 до 5 минути за помали парчиња и 4 до 7 минути за поголем. Точното време зависи од големината на парчињата. Во водата немојте да ставате сол!

Потоа оставете го компирот да се излади и исуши: процедете ги парчињата компир и префрлете ги во сад со ладна вода и неколку коцки мраз за веднаш да престане процесот на варење. По неколку минути повторно исцедете го компирот и протресете ја цедалката за да се ослободите и од вишокот вода кој останал. Може парчињата да ги пребришете и со хартиена крпа.

Наредете ги компирите на тавче за печење така што нема да се допираат парчињата едно со друго и така наредени ставете ги во замрзнувач. Внимајате да одберете тавче кое ќе го собере во замрзнувачот. Доколку имате поголема количина компири, распоредете ги во повеќе тавчиња, секогаш внимавајќи да не се допираат парчињата. После 6 до 12 часа, односно додека секое парче не замрзне, извадете ги и префрлете ги во пластичка кеса или било каков сад кој може херметички да се затвори. Сега веќе замрзнатите парчиња слободно можат да се допираат едно со друго.

Вака замрзнатиот компир може да трае до 3 месеци.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Живот

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Read more

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Read more
 

Магазин

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе