Како престојот во вселената влијае на коските на астронаутите?

Истражувањето покажа дека астронаутите на шестмесечна мисија доживеале губење на коскената маса еднакво на две децении на Земјата, при што патувањето во вселената исто така предизвикува стрес на кардиоваскуларниот систем и ја зголемува изложеноста на радијација.

Академско истражување на астронаутите го открија разорното влијание на вселенското патување врз човечкиот скелет. Само околу половина од изгубената коска беше заменета една година по враќањето, што предизвика загриженост за идните мисии на Марс и на Месечината.

Подолгите мисии во вселената резултираа со зголемено губење на коскената маса и намалена веројатност за закрепнување. Губењето на коскената маса се јавува поради недостатокот на гравитација во вселената, каде што коските кои носат тежина на Земјата обично се без притисок од тежината.

Истражувањето е спроведено на 17 астронаути, 14 мажи и три жени со просечна возраст од 47 години, кои летале на Меѓународната вселенска станица (ISS) во последните седум години.

Екипажот беше од американската вселенска агенција НАСА, канадските и европските вселенски агенции и јапонската вселенска агенција.

Тие работеа со истражувачки тим предводен од професорката Леј Габел од Универзитетот во Калгари, една година по враќањето на Земјата.

Девет членови на екипажот доживеале трајно губење на коскената минерална густина откако поминале помеѓу четири и седум месеци на вселенски мисии, пишува Sky News.

„Астронаутите доживеаја значително губење на коскената маса за време на шестмесечните вселенски летови, загуба што би ја очекувале кај постарите возрасни лица во текот на две децении на Земјата, и повратиле само половина од таа загуба по една година на Земјата“, рече професорот Габел за истражувањето, објавено во списание Scientific Reports.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе