Како Русија успеа вртоглаво да ја зголеми продажбата на Lada?

Во текот на август, Lada забележа раст на продажбата од дури 75 отсто во Русија, бидејќи владината програма за субвенционирање успеа да ја зголеми побарувачката во земјата.

Lada, која е дел од компанијата AvtoVAZ, забележа остар скок на продажбата во август, во прилично незгодно време за автомобилската индустрија во Русија, која е во длабоки неволји од почетокот на конфликтот во Украина.

Рускиот автомобилски бренд минатиот месец продаде вкупно 18.087 патнички автомобили, што е скок од 75 отсто во однос на јули. И додека продажбата е намалена за 7 отсто во однос на август минатата година, тоа е најдобрата месечна продажба на Lada откако Русија испрати десетици илјади војници во Украина во февруари.

Максим Соколов, претседател на AvtoVAZ, истакна дека продажбата на два модели на Lada, Grant и Niva, веќе го достигнала нивото пред оваа криза, што го означи како важен чекор за оваа компанија кон закрепнување.

Компанијата, која вработува околу 42.000 луѓе, рече дека владината програма за субвенционирање за помош за купување нови автомобили помогнала во зголемувањето на побарувачката. Рускиот автомобилски сектор, кој е силно зависен од странски делови и глобални синџири на снабдување, практично запре кога беа воведени санкциите кон Русија по инвазијата на Украина.

На пример, производството на автомобили во Русија падна за 97 отсто во мај, бидејќи многу компании, како што е AvtoVAZ, беа принудени да затворат фабрики и да им понудат на работниците отпремнини за да ја напуштат компанијата. Сепак, треба да се напомене дека автомобилите што моментално ги произведува Lada се всушност рудиментирани верзии, без бројна опрема како ABS, ESP, воздушни перничиња и електрични прозорци.

 

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Авто новости

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе