Како советскиот научник Демихов создал куче со две глави?

Иако е тешко да се поверува дека научникот Владимир Петрович Демихов навистина создал куче со две глави, постојат фотографии кои го докажуваат токму тоа.

Нарекувањето на Владимир Демихов луд научник го намалува неговиот придонес во медицината, но некои од неговите радикални експерименти го доближуваат до таа титула. Иако можеби звучи како мит, пропаганда или фотошоп - во 1950-тите Владимир Демихов навистина создаде куче со две глави.

Уште пред да го создаде кучето со две глави, Демихов бил пионер во трансплантологијата - дури и го измислил терминот. По многубројните трансплантации на витални органи меѓу кучиња (неговите омилени експериментални субјекти), тој и покрај контроверзиите сакал да оди чекор понатаму и да се обиде да ја накалеми главата на едно куче на телото на друго.

Почнувајќи од 1954 година, Демихов и неговите соработници ја испробале оваа операција 23 пати, секој пат со различен резултат. Иако 24. пат не бил најуспешниот обид, бил најпопуларниот поради написот и фотографиите кои се појавиле во магазинот LIFE во 1959 година.

За оваа операција Демихов избрал две кучиња, еден голем германски овчар скитник кого Демихов го нарекол Бродјага (што на руски значи „скитник“) и едно помало куче по име Савка. Бродјага бил куче-домаќин, а главата и вратот ѝ биле земени на Савка.

Под предните нозе бил ампутиран долниот дел од телото на Савка. На Бродјага му бил направен рез на вратот, а лекарите го сошиле горниот дел од телото на Савка. Остатокот бил главно васкуларна реконструкција и фиксирање на пршлените на кучињата со пластични жици.

Благодарение на богатото искуство на тимот, операцијата траела само 3 и пол часа. Откако кучето со две глави било реанимирано, двете глави можеле да слушаат, гледаат, мирисаат и голтаат. По операцијата Савка сама се напила, бидејќи не била поврзана со стомакот на Бродјага. Сè што Савка ќе испиела течело низ надворешна цевка на подот.

Ова куче со две глави живеело само четири дена. Ако вената во пределот на вратот не била случајно оштетена, можеби ќе живеело уште подолго.

Дури и ако ја оставиме настрана смртта на кучињата, остануваат непријатните морални импликации од експериментот на Демихов. Оваа трансплантација на глава, за разлика од некои негови други достигнувања во областа на трансплантологијата, немала примена во реалниот живот, а имала реални последици за кучињата.

Сепак, колку и да звучи нечуено, трансплантацијата на глава не била толку радикална во текот на 50-тите. Уште во 1908 година, францускиот хирург д-р Алексис Карел и неговиот партнер, американскиот физиолог д-р Чарлс Гатри, го испробале истиот експеримент. Нивниот експеримент првично ветувал, но по будењето кучињата многу брзо ги губеле виталните функции и потоа по неколку часа биле евтанизирани.

До денес, некои неврохирурзи веруваат дека трансплантацијата на глава ќе биде реалност во многу блиска иднина. Сепак, повеќето други членови на медицинската заедница веруваат дека трансплантацијата од ваков тип е сè уште научна фантастика.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе