УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Каков дочек Минхен ќе му приреди на Левандовски?

Филип Здравески
/ 13.09.2022 / 14:52

Многу кратко по заминувањето од Баерн, полскиот голгетер ќе се врати во градот каде мина речиси една деценија, но како противник. Прашањето што многумина ги интересира е - каков дочек ќе му приредат минхенските навивачи?

Роберт Левандовски 8 сезони во неверојатен успех го носеше дресот на гигантот од Баварија, минхенски Баерн. На 375 натпревари постигна дури 344 голови, стана миленик на баварската публика, со златни букви се запиша не само во клупската историја, туку и во онаа на германската Бундеслига.

Летоска Левандовски инсистираше да си замине од Баерн. Осумте години во Минхен, плус оние четири кои претходно ги мина во Дортмунд носејќи го дресот на Борусија, сметаше дека му ја исцрпиле мотивацијата и инспирацијата да игра во Германија. Иако управата на Баерн не сакаше да слушне за негово заминување, сепак на крајот попушти и му дозволи да направи трансфер. Роберт не чекаше многу и веднаш потпиша за Барселона. Во каталонската престолнина брзо се навика и продолжи со голгетерската форма. Веќе има 9 гола на 6 натпревари, а хет-трик прослави уште во 1. коло од Лигата на шампионите кога Барса ја декласираше чешка Викторија со 5:1.

И како за беља, а многумина ќе речат „местено е“, жрепката за групната фаза од Лигата на шампиони го смести Баерн во иста група во новиот клуб на Левандовски, Барселона. Вечерва се игра 2. коло од европската елита, а Баерн од 21 часот ја пречекува токму Барса, во чиј тим за овој натпревар се наоѓа, нормално, и Левандовски.

Прашањето кое сите сакаат да го знаат, а се нестрпливи до вечер, е како навивачите на Баерн ќе го пречекаат својот поранешен херој, кој си замина на незадоволство на сите. Дали ќе добие громогласен аплауз, или ќе следат свирежи уште кога ќе истрча на загревањето еден час пред почетокот на натпреварот? Зарем е можно баварската публика да го свирка својот довчерашен јунак, човекот од кога речиси да нема човек во Минхен кој за време на осумте години не купил негов дрес? Како публиката ќе се однесува доколку Левандовски постигне гол? Она за што сме сигурни, е дека полскиот голгетер нема да се радува. Осумте години минати во еден клуб оставаат голема трага, без разлика на несогласувањата кои ги имаше на крајот. Барем така би требало да биде...

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе