Каква е состојбата со COVID-19 на Балканот?

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 11.650.879 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив умреле 538.511, а оздравеле 6.589.216 лица.

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на COVID-19. Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица.  Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.124, бројката на оздравени пациенти е 3.199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.579. Министерот за здравство Венко Филипче констатираше дека по подолго време денеска имаме двојно повеќе оздравени пациенти од новодијагностицирани.

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 289 нови случаи на коронавирус, врз основа на 7.872 тестирани примероци. Во истиот период починале уште шест лица. На респираторни машини се приклучени 93 лица. Со оглед на тоа дека болниците во Белград се полни, најголемата спортско-концертна сала „Штарк арена“ е претворена во привремена болница за пациентите со COVID-19. Денеска се примаат првите пациенти со полесна клиничка слика.

Во Косово вчера се регистрирани 152 новозаболени од COVID-19, а вкупно, од појавата на првите случаи, на почетокот од март годинава, има 3.508 заразени од новиот коронавирус. Бројката на заболени кои починале од појавата на пандемијата се зголеми на 75. Во текот на вчерашниот ден се потврдија 28 излекувани, а вкупно досега болеста ја надминале 1.902 лица. Активни носители на вирусот се 1.532 лица. Вчера се извршени 324, а од почетокот на пандемијата, вкупно 25.245 тестирања. Поради трендот на пораст на бројот на заразени и починати, косовските власти вчера воведоа нови мерки, меѓу кои забрана за движење од 21 до пет часот во Приштина, Урошевац, Призрен и Вучитрн.

Во изминатото деноноќие во Хрватска се тестирани 587 примероци, а регистрирани се 68 новозаразени со коронавирус. Од 25 февруари, кога е потврден првиот случај на зараза во земјата, досега се вкупно регистрирани 3.220 луѓе заразени со COVID-19, од кои 113 починале, а 2.210 оздравеле. Моментно во самоизолација се наоѓаат 4.850 лица.

Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани 60 новозаразени лица со коронавирус, соопшти Институтот за јавно здравје. Од почетокот на јуни, вкупниот број на потврдени случаи изнесува 517, петмина починале, а бројот на активни случаи е 512.

Во Албанија во последните 24 часа се регистрирани нови 71 заразен со коронавирус, а починале три лица, меѓу нив и еден лекар, што е втора жртва од COVID-19 меѓу здравствените работници. Од почетокот на пандемијата, со последните 459, направени се вкупно 29.260 тестови. Позитивен резултат е добиен кај 2.964, излекувани се 1.702, починале 79 лица. Активни на болеста се 1.183, од нив 78 се хоспитализирани во Инфективната клиника. Според лекарите, во вториот бран од пандемијата секој трет заболен е на возраст до 35 години.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 43 нови случаи на COVID-19, од кои 85 отсто, односно 36 се туристи кои влегле во земјата, соопшти Националната служба за јавно здравје на Грција.

Во Бугарија во изминатите 24 часа регистрирани се 63 нови случаи на коронавирус, од 923 PCR тестови. Во истиот период починаа 5 лица, а 17 оздравеа. Најголем број од новите случаи – 23 – се во главниот град Софија. Следен е Ќустендил со 9 нови случаи. Од почетокот на пандемијата во земјата има 5.740 регистрирани случаи на COVID-19, од кои 2.915 оздравеа, а 246 починаа.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе