Какви промени може да очекувате ако пешачите секој ден по 30 минути?

А.С.
/ 14.06.2023 / 12:12

Џес Бентлман одлучила да пешачи по половина час секој ден во текот на еден месец.

Како што рече таа, видела повеќе придобивки отколку што можела да замисли.

Бесплатно е, можете да пешачите кога и каде сакате, сами или во друштво.

„За еден месец забележав разлика во телото, но и во умот. Првите две недели одев надвор и прошетките ме ослободуваа од притисокот од вежбањето во теретана. Излегував од дома и почнав да размислувам појасно. Го придвижив телото и крвта ми се раздвижи. Следните две недели одев на лента за трчање во теретана со наклон од 12 проценти. Тој наклон и поголема брзина на лентата за трчање ми го засилија ефектот. Тоа 30-минутно одење на лента за трчање на нагорнина е многу потешко отколку што мислите и навистина го буди телото - предизвикува потење и помага за тонирање на мускулите и зајакнување на јадрото. Се разбира, овие прошетки беа потешки од моите побавни прошетки на отворено, но сепак беа остварливи и не ми наметнаа притисок како интензивните тренинзи што вообичаено ги правам во теретана“, рече таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jess (@jessbantleman)

Освен што го зајакнуваат телото и духот, прошетките се многу корисни за нашето тело.

Студијата спроведена на Универзитетот во Канзас покажа дека лесните аеробни вежби, како што е одење, го спречуваат раниот почеток на деменција и го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест, која погодува 35 милиони луѓе ширум светот. Лекарите предвидуваат дека тој број ќе се удвои во следните 20 години.

Исто така, според Американското здружение за срце, одењето е подеднакво ефикасно кога станува збор за спречување на срцеви заболувања. Го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол и ја подобрува циркулацијата. Пешачењето е аеробна активност, што значи дека го зголемува нивото на кислород во крвта и помага да се елиминираат токсините. Поради подлабоко дишење, некои симптоми поврзани со белодробна болест може да се ублажат.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе