Камбек филмот на Џони Деп го отвори Кански филмски фестивал

Филмскиот фестивал во Кан започна синоќа со проекција на новиот филм на Џони Деп,  Jeanne du Barry, во која актерот го игра кралот на Франција Луј Петнаесетти.

Кариерата на 59-годишниот холивудски актер е во пад и покрај неговата победа во судењето за клевета минатата година против поранешната сопруга Амбер Херд. Деп, сепак, постепено се враќа и, на црвениот тепих на премиерната вечер во Кан ја претстави француската драма за монархот од 18 век кој се вљубил во „обична жена“.

Претходно, директорот на фестивалот Тјери Фремо им рече на новинарите дека не е заинтересиран за судењето на Деп, додавајќи: „Јас сум заинтересиран за актерот Деп“.

Фестивалот на француската ривиера, кој ќе трае до 27 мај, вклучува голем број премиери, вклучувајќи го Indiana Jones and the Dial of Destiny, петти и најверојатно последен пат Харисон Форд во улогата на познатиот археолог.

Мартин Скорсезе во сабота ќе го претстави својот најнов филм Killers of the Flower Moon, заедно со ѕвездите Леонардо Дикаприо и Роберт де Ниро. На тој ден, публиката ќе ги види и Натали Портман и Џулиен Мур во независниот филм на Тод Хејнс May December.

Ѕвездите кои ќе појават на црвениот тепих во текот на оваа и следната недела се Бри Ларсон, Ума Турман, Натали Портман, Леонардо Дикаприо, Кејт Бланшет, Шон Пен, Алиша Викендер, Скарлет Јохансон, Катрин Денев (која го краси овогодинешниот фестивалски плакат) и Хелен Мирен.

Меѓу 21 филм кој се натпреваруваат за наградата „Златна палма“ има рекордни седум режисерки.

Оваа година, жирито го предводи шведскиот режисер Рубен Осланд, двократен добитник на „Златна палма“, кој минатата година се закити со главната награда за социјалната сатира Triangle of Sadness.

Мајкл Даглас присуствуваше на церемонијата на отворање каде ја доби почесната „Златна палма“.

„Постар сум од фестивалот“, изјави Даглас (78) по стоечките овации.

Даглас и Денев официјално го прогласија за отворен фестивалот на Азурниот брег, каде присутните ќе уживаат во колосална филмска ектравганца следните 12 дена.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе