Ново откритие на Црвената планета

Камењата собрани од Марс покажуваат дека имало вода на планетата

Примероците кои од површината на Марс ги собра роверот Perseverance откриваат геологија на кратер за кој научниците сметаат дека пред неколку милијарди години содржел микробен живот.

Истите примероци покажуваат дека камења од четири локации во кратерот Језеро настанале со ладење на растопен материјал. Камењата покажуваат и промени поради изложеност на вода, што е уште еден показател дека Марс порано бил топол и воден.

Научниците веруваа дека камењата, настанати пред околу 3,5 милијарди години, се седименти формирани како кал и песок на дното на езеро. Но, открија дека дното на кратерот е формирано од вулкански камења.

„Всушност, не најдовме никакви докази за седиментирани карпи таму каде што роверот го истражуваше дното на кратерот. И покрај фактот дека знаеме дека кратерот порано имал езеро и дека морало да се таложат седименти. Тие наслаги веројатно еродирале“, вели геохемичарот Кенет Ферли, автор на една од четирите студии објавени во спиаснијата Science и Science Advances, во кои се опишува геологијата на кратерот.

Perseverance на Марс стигна во 2021 година и од тогаш постојано делува во кратерот Језеро, истражувајќи дали порано имало услови за живот.

Роверот собира примероци од камења кои во 2033 година ќе ги собере друго вселенско летало и ќе ги врати на Земјата за понатамошни истражувања.

URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе