Канаѓаните турнаа споменик на кралицата Елизабета II

Демонстрантите во Винипег турнаа повеќе споменици како знак на револт поради откривањето на стотици гробови на деца од домородно потекло.

За време на вчерашната прослава на популарниот Ден на Канада, односно денот кога на 1 јули 1867 година британските колонии Горна Канада, Долна Канада, Нова Шкотска и Њу Бранзвик го формирале тогашниот Доминион кој подоцна станал Канада, демонстрантите уште еднаш го искажаа гневот поради откривањето на стотици детски гробови за кои домородните Канаѓани ја обвинуваат католичката црква.

URL

Училиштата во Канада порано биле најчесто под управа на католичката црква која ги принудувала децата на домородните народи да ги посетуваат со цел да бидат асимилирани и христијанизирани. Децата биле одвојувани од нивните родители за потоа да бидат „интегрирани“ со доселениците, но голем број починале од злоставување и негрижа. Судбината на многу такви деца со децении претставуваше мистерија, сѐ до пронаоѓањето на стотиците гробови изминативе месец дена.

Покрај споменикот на кралицата Елизабета II, турнат беше и поголемиот споменик на кралицата Викторија поставен во 1904 година, кој активистите и го обоија со спреј.

URL

Демонстрантите протестираа под паролата „Every Child Matters“ (Секое дете е важно), а полицијата досега уапси едно лице поради уривањето на спомениците.

URL

Пред месец дека беа пронајдени 215 гробови во училишен двор во градот Кампупс во покраината Британска Колумбија. Пред една недела 751 детски гроб беше откриен во училишен двор во западниот дел на покраината Саскачеван, додека завчера уште 182 гроба беа откопани во Камлупс. Сите гробови се неименувани, односно не се знаат имињата на закопаните домородни деца.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Read more

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more
 

Вести

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе