Канибал убиец 20 години сеел страв, потоа бил уапсен на неверојатен начин

Ф.З.
/ 16.10.2022 / 15:19

Убиецот канибал кој извршил застрашувачки злосторства во текот на повеќе од 20 години, бил фатен на бизарен начин, со што бил ставен крај на неговото тероризирање.

Поради некоја причина - најверојатно затоа што има нова серија на Netflix - моментално сите се фасцинирани од канибалистичкиот убиец Џефри Дамер. Колку и да беа болни злосторствата на Дамер, тој не е единственото чудовиште што извршило такви трауматски убиства.

Страв и трепет

Всушност, долго пред Дамер да ги започне своите злосторства, постоел Германецот Јоахим Крол, кој убил најмалку 8 млади жени и девојки во областа Рур помеѓу 1955 година и неговото последно апсење во 1976 година.

На крајот, Крол беше осуден за 8 убиства, но призна дека убил 14 луѓе. Крол имал многу специфичен начин на убивање: внимателно ги одбирал локациите, сексуално ги напапаѓал, ги задавувал, а на крајот ги осакатувал нивните тела сечејќи ги на парчиња за јадење.

Неговото отстранување на некои делови од човечко месо на крајот довело до неговото апсење. Сепак, страшното откритие дошло предоцна за четиригодишната Марион Кетер. Полицијата веќе ја пребарувала станбената зграда во која живеел Крол и добила дојава од еден од неговите соседи.

Соседите случајно го откриле

Соседот објаснил дека од одводите во нивните станови почнала да се шири страшна смрдеа. Се испоставило дека смрдеата ја предизвикал Крол, кој ги фрлил утробите на своите жртви во веце школката.

Кога соседот го прашал Крол каков мирис е тој, чудовиштето одговорило „утроба“. Веројатно мислел дека можеби звучи како да опишува вознемирен стомак, но на соседот сепак му станало сомнително. Без оглед на тоа, Крол рекол дека ќе ја отстрани блокадата на одводот, на крајот зграпчувајќи куп крвава материја - можете да погодите што - која ја однел во канта, тврдејќи дека колел зајак. Подоцна соседот на полицијата ѝ раскажал што слушнал и видел, која тогаш трагала по младата девојка.

Починал во затвор

Полицијата ги пребарала кантите и открила дека она што Крол го фрлил воопшто не е зајак. Откако го пребарале станот на Крол, пронашле разни распарчени делови од тело, како и утроба во одводната цевка и - тоа што најмногу ги вознемирило - рака во тенџере за готвење.

Крол бил уапсен и го признал убиството, заедно со уште 13 други. Во 1982 година бил осуден на доживотен затвор откако бил осуден за 8 убиства за кои полицијата успеала да докаже дека тој би извршителот.

Крол починал во 1991 година во затвор поради срцев удар.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе