Капетан Кирк за патувањето во вселената: Видов само смрт

Славниот актер Вилијам Шатнер очекувал дека ќе достигне „катарза“ по историскиот лет во вселената, на кој го испрати милијардерот Џеф Безос. Наместо тоа, патувањето го остави исполнет со тага.

„Моето патување во вселената требаше да биде прослава, наместо тоа се чувствував како да сум на погреб“, се наведува во цитат од неговата книга „Boldly Go: Reflections on a Life of Ave and Wonder“.

„Ги сакам мистериите на универзумот. Ги сакам сите прашања кои ни доаѓаат во текот на илјади години истражување и хипотези. Но, кога погледнав во спротивниот правец, во вселената, немаше никакви мистерии, никакво величествено почитување. Сѐ што видов беше смрт“, напиша Шатнер.

Минатата година во октомври со капсулата Blue Origin на Џеф Безос, Шатнер патуваше во вселената. Една година подоцна, тој го опишува ова искуство како „студено, мрачно, црна празнина, длабока, сеопфатна“.

„Сѐ што мислев испадна погрешно. Сѐ што очекував да видам беше погрешно. Мислев дека патувањето во вселената ќе биде конечната катарза за врската што ја барав меѓу сите живи суштества – дека горе ќе биде следниот преубав чекор кон разбирање на хармонијата на универзумот“.

Актерот, кој го освои светот со улогата на капетан Џејмс Кирк во Star Trek, се расплака по слетувањето опишувајќи дека го доживеал „најдлабокото искуство што може да го замисли“.

Но, една година подоцна тој објаснува:

„Открив дека убавината не е таму, таа е овде долу, со нас. Тоа што ја оставив зад себе ја направи мојата врска со нашата мала планета уште подлабока. Тоа беше едно од најсилните чувства на тага со кои досега сум се сретнал. Контрастот меѓу студенилото на вселената и топлината на Земјата ме исполни со голема тага. Секој ден се соочуваме со сознанија за понатамошно уништување на Земјата. Изумирање на животински видови, флора и фауна, работи за кои требало 5 милијарди години да се развијат и одеднаш никогаш нема да ги видиме повеќе. Тоа ме исполни со ужас. Мојот пат во вселената требаше да биде прослава, наместо тоа се чувствував како да сум на погреб“, објаснува тој.

реклама
Прогласена најубавата плажа на светот

Прогласена најубавата плажа на светот

Read more
Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Read more
Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Read more
Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе