Карло Анчелоти стана доктор на науки на 64 години

Трофејниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти (64), вчера доби почесен докторат на Универзитетот во Парма, па отсега неговото име и презиме ќе го носат префиксот „доктор на науки“.

Добитник е на титулата почесен доктор на науки и техники на превентивна и адаптирана моторна активност.

Легендарниот италијански тренер дипломираше на престижниот Универзитет за медицина и хирургија, а на церемонијата одржа говор со наслов „Фудбал, начин на живот“.

Анчелоти ја доби наградата со поранешните менаџери на Милан, Ариго Саки и Ариедо Браида.

„Некои ќе речат дека ова го положив со само три испити. Вистината е дека положив уште многу и на секои три дена полагам повеќе испити. Ќе им кажам на моите играчи дека можат да ме викаат доктор. Фудбалот е голема страст за мене и никогаш не сум го сметал тоа за обврска или работа. Ако нема страст, не можеш да дадеш 100 проценти од себе“, рече Анчелоти во својот говор.

URL

Големиот Дон Карло доби овации од публиката додека им се заблагодари на семејството и пријателите.

Непотребно е да се трошат зборови за неговите тренерски достигнувања, а се издвојуваат дури четири трофеи во Лигата на шампионите.

Едно е сигурно, ѕвездите на Реал Мадрид ќе мора да почнат да го викаат „доктор“ наместо „шефе“ на тренинг.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе