Катастрофално невреме ја погоди и Австрија

Макфакс
/ 05.08.2023 / 11:22

Катастрофално невреме ноќеска погоди делови од Австрија, каде забележани се обилни врнежи од дожд, бурни ветрови и поројни поплави кои однесоа сѐ пред себе. На некои места се подготвува евакуација на населението, а други се отсечени поради големите поплави.

Поради катастрофални бури и поплави, алармите за цивилна заштита се активирани во многу области во Штаерска и Корушка. Градот Ајзенкапел во Корушка беше отсечен од надворешниот свет поради поплавите што го погодија градот, а градовите во областа Волфсберг и Фолкермаркт беа на работ на евакуација. Комуналното претпријатие Еис во Руден соопшти дека водата за пиење од чешма мора да се преврива поради контаминација.

Армијата е во подготвеност со стотина пожарникари поради свлечишта, блокади, поплави и уништување.

„По обилните дождови во Јужна Корушка, од армијата беше побарано да ги отстрани сите можни блокади. Војниците полнат вреќи со песок. Според командата на противпожарната бригада на квартот Фелкермаркт, од населението се бара 'да остане во куќите' и 'да не влегува во подрумските простории'“, изјави портпаролот на армијата, Михаел Бауер.

Секој што ќе излезе на улица и покрај предупредувањето, мора да очекува бројни блокирани сообраќајни врски. А состојбата е сѐ полоша и полоша, бидејќи викендот носи уште повеќе невреме, а прогнозата за следните денови е облачно со врнежи од дожд.

Силно невреме ја зафати и Словенија, а ѝ се заканува и на Хрватска.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе