Ќе се утврдува одговорноста на полицајците кои не постапувале за време на полицискиот час во Чаир

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска соопшти дека за непостапување од страна на полициските службеници за одредени настани за време на полицискиот час во скопски Чаир ќе биде покрената дисциплинска постапка и ќе се утврди евентуална нивна одговорност.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во однос на продавницата која вчера била отворена во Чаир, рече дека тоа не е во надлежност на МВР, туку на Државниот пазарен инспекторат.

– Дозвола за работење на колонијалите даваат локалните Кризни штабови, но тие дозволи не се за продавање директно туку за продавање со достава до домовите. Во конкретниот случај работењето на продавницата е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат. Во однос на полцииските службеници кои не постапиле во однос на лицата ќе биде покрената дисциплинска постапка и ќе се утврди евентуална нивна одговорност, рече Чулев.

Прашан дали МВР утврдило за која цел портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски ја користел дозволата за движење за време на полициски час, Чулев информира дека тој располага со валидна дозвола за движење и оти не е регистрирано дека се однесувал дрско и навредливо.

– Според информации што ги добив од Секторот за внатрешни работи Струмица, посоченото лице располага со валидна дозвола за движење и јас мора да кажам дека МВР не издава дозволи за движење. Дозволите се ингеренции на Министерството за информатичко општество и администрација и со дозвола на Владата овозможено е на сите правни субјекти кои имаат работни обврски или задолженија самите да си издаваат дозвола. МВР не навлегува во валидноста на дозволите, туку само гледа дали тие се оригинални или не, рече Чулев, додавајќи дека досега не е стигната пријава од страна на посоченото лице дека е следен или дека на каков било начин е неовластено легитимиран од страна на други службеници.

МВР функционира професионално и неселективно, но има опструкции

Статистичките податоци покажуваат дека МВР во изминатите неколку денови односно полициските службеници беа на ниво на нивната задача затоа што здравјето на граѓаните е најважно. Викендот МВР беше вклучено во преземање мерки со цел утврдување дали ќе се почитува полицискиот час, личната заштита – маските, обезбедувањето на државните карантини и контрола во угоститилските објекти заедно со Државниот пазарен инспекторат, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

Министерот Чулев посочи дека високата посветеност од страна на полициските службеници наместо да биде валоризирана, многу често е злоупотребена од страна во политички цели од страна на власта.

Апелираше до јавноста и до сите политички структури во државата да се воздражат од неосновани напади кои и нанесуваат штета на полицијата.

– Свесен сум за револтот на граѓаните за ограничување на движењето, но целта е заштита на здравјето на граѓаните, а одлуките се носат на предлог од Комисијата за заразни болести, а МВР имаат задача и обврска да го контролираат нивното спроведување, рече Чулев.

Во однос на обвинувањата од страна на власта до него, како што рече, работите се јасни од првиот ден како министер за внатрешни работи.

– Мојот став е дека МВР треба да функционира професионално, неселективно и законито. Во суштина во изминатиот период тоа се покажа во пракса, во најголем дел успешно ги спроведовме одлуките на Владата, а со тоа го заштитивме и здравјето на граѓаните. Грешки и пропусти сигурно има и тие се дел од работењето, но лошо е кога грешките се случуваат поради опструкција, несоработка и постапување по партиски директиви, рече меѓу другото Чулев.

Тешко е, нагласи тој, една моја замисла, идеја или директива да се спроведе во пракса, без да наидам на многу опструкции, како што наведе, од МВР внатре, но и од страна на Владата.

– Начинот на организација и напостапувањето на полициските службеници е исклучителна обврска на директорот на БЈБ кој раководи со Оперативниот штаб формиран за оваа намена. Јас како министер имам обврска да ја гарантирам законитоста и неселктивноста на постапувањето на полициските службеници, меѓутоа немам ингеренции да ја организирам нивната работа и да давам конкретни задачи за нивно постапување, појасни Чулев.

Потенцира дека во телеграмата упатена до полициските службеници од страна на директорот на БЈБ, јасно се нагласува дека полициските службеници постапуваат само по добиени насоки и задачи од негова страна.

– За мене како минситер за внатрешни работи најважно е да ја добиеме битката со коронавирусот и така ќе биде и во иднина. Апелирам до јавноста да не подлегнува на провокациите кои владечката партија ги пушта во јавноста. Тие се само обид за политичка дискриминација и факт кој покажува дека тие се грижат само за сопствениот рејтинг, но не и за здравјето на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе