Кејли Куоко го очекува првото дете

Славната актерка Кејли Куоко, позната по ликот на Пени од серијата „The Big Bang Theory“, и нејзиниот партнер Том Пелфреј ќе станат родители на ќерка.

Среќната вест актерката ја сподели на Instagram со нејзините обожаватели, додавајќи дека бебето ќе се роди во 2023 година. Триесет и шестгодишната актерка не ја крие среќата што ќе се оствари како мајка. Таа сподели фотографии од нејзината бременост, меѓу кои и тортата со која го откри полот на детето.

Претходно, Кејли за врската со 40-годишниот Том изјави дека станува збор за „љубов на прв поглед“. Нивната врска стана јавна во мај, неколку месеци откако актерката се разведе од нејзиниот втор сопруг Карл Кук. Кејли и Карл во брак беа 4 години, но се разделија во септември, 2021 година. Актерката и претходно беше во брак со тенисер, од 2013 до 2016 година.

Не е познато како веста за бременост ќе влијае на нејзиниот брачен статус, по два разводи зад себе актерката претходно категорично тврдеше дека никогаш повеќе нема да се мажи.

„Не, никогаш повеќе нема да се мажам. Апсолутно никако, ова може да го ставите и на насловна страница“, изјави таа во април за Glamour.

Куоко тогаш објасни дека би сакала да биде во долга врска или партнерство.

„Верувам во љубовта бидејќи сум била во неверојатни врски. Сакам да бидам нечиј партнер и да имам врска“, сподели тогаш таа. „Сакам да бидам во врска во која ќе посветам време и таа личност навистина ќе биде дел од мојот живот. Работата ми одзема многу време, а сакам во иднина да бидам посветена на врската“, вели Куоко.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kaley Cuoco (@kaleycuoco)

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе