Кекеновски: Онака како што избега, така ќе го вратиме бегалецот од Будимпешта

Скопје, 9 јули 2020 (МИА) – Носителот на листа на кандидати за пратеници на „Коалицијата никогаш северна, само Македонија“ во ИЕ 2, Јове Кекеновски на средба со граѓаните на Општина Горѓе Петров истакна дека наместо во оваа скопска општина да соопштат за што нивните народни пратеници ќе се залагаат за граѓаните, рече дека се принудени да се осврнат на неспособноста на техничката влада која, според него, нема капацитет да се справи со COVID-19.

– Се плашиме дека по изборите ќе ни се преслика ситуацијата од Србија. Неспобниот технички министер познат по пиши-бриши уредбите наместо со Комисијата за заразни болести да работи на намалување на последиците од пандемијата, тој на сметка на мртвите и жртвите се пуштил во ловење на гласови. Ветува брда и долини, 1.000 километри патишта, а не гледа дека бројот на зарaзени постојно расте. Значи неодговорноста, неспособоста, несовесноста се собрани на едно место, и затоа тој бесрамно го бара гласот на граѓаните, рече Кекеновски.

Тој посочи дека министерката за правда и „нејзините пратиски колеги и функционери му овозможија на Груевски да избега во Будимпешта, а таа не мрднува ниту со најмалиот прст да го врати и да одговара за другите злодела“.

– Сакаме да им ветиме на граѓните дека доколу сме дел од законодаваната и извршната власт во рок од 90 дена ќе го вратиме бегалецот. Онака како што и замина така ќе биде и вратен, а украдените пари ќе бидат поделени на граѓаните. Во оваа воспоставена матрица на несериозност, несовесност и јавашлук успешно се вклопува и Уставниот суд кој вчера немаше храброст да ја отфрли Иницијативата за поништување на став 5 од членот 353 од КЗ кој се однесува злоупотребата на службената позиција во врска со јавните тендери. Замислете дури четворица од вкупно девет судии на Уставниот суд се изјасниле дека истиот треба да се поништи, бидејќи луѓето кои се обвинети од СЈО за милионски злоупотреби со тендерите „страдале“ поради преширокото толкување на оваа одредба. Да ги потсетам уставните судии и адвокатот подносител дека постои еден институт кој се нарекува автентично толкување на законот. Уставните судии се срам за државата и затоа повторно ја бараме оставката на судиите, а доколку тоа не се случи, по конституирањето ќе бараме нивно разрешување, рече тој.

Тој на крајот им вети на граѓаните дека нивните идни избрани народни пратници ќе имаат максимална соработка со органите на единиците на локалната самоуправа без разлика на нивната партиска припадност.

– Тие ќе бидат нишката помеѓу централната власт и локалната самоуправа. Ниту еден проект, ниту еден закон кој се однесува до локалната самоуправа не ќе смее да биде донесен без претходно истиот да биде косултиран од страна на нашите пратеници со базата од која се избрани, рече Кекеновски.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе