Келси Грамер месецов испишува историја за најдолго игран ТВ лик

Со враќањето на ситкомот „Frasier“ актерот Келси Грамер ќе го сруши рекордот за најдого игран ТВ лик од еден ист глумец.

Кога д-р Фрејжр Крејн ќе се појави на 12 октомври во првите две епизоди од новата серија именувана според истоимениот лик, Грамер ќе испише историја играјќи лик кој најдолго живеел на ТВ екраните.

Ликот на Фрејжр прво се појави во 3. сезона од серијата „Cheers“ (1984-1985) кога го измислија творците на оваа серија, Глен и Лес Чарлс.

Remote video URL

Кога пролетта 1993 „Cheers“ заврши, Крамер го репризираше ликот на Фрејжр во спиноф серијата насловена токму „Frasier“, каде, нормално, беше во главна улога. Серијата траеше 11 сезони, до мај 2004, и денес важи за една од најпопуларните серии на сите времиња.

Remote video URL

Фрејжр како гостин имаше и други ТВ појавувања, како на пр. во сериите „Wings“ и „The John Larroquette Show“.

Како што пишува Fandom, Грамер моментално е изедначен на врвот на листата за актери со најдолго играни ТВ ликови со Џејмс Арнес, кој 20 години го играше Маршал Мет Дилон во вестерн серијата „Gunsmoke“. Исто толку години (9 во „Cheers“ и 11 во „Frasier“) трае ликот на Фрејжр. Сега ќе ја почне 21 година.

Првата сезона од новата серија „Frasier“ ќе има 10 епизоди, од кои првите две една по друга ќе се емитуваат на 12 октомври на Paramount+ стриминг платформата. Потоа нова епизода ќе виде објавувана еднаш неделно.

ТВ каналот CBS ќе ја емитува серијата од 17 октомври.

Remote video URL
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе