Кембриџ и париски музеј почнаа да враќаат украдени африкански артефакти

Колеџ при Универзитетот во Кембриџ и еден париски музеј денеска вратија историски артефакти ограбени од Западна Африка за време на колонијалниот период, со што направија преседан што ќе изврши притисок врз другите институции исто така да почнат да ги враќаат украдените дела.

Петелот од Бенин

Колеџот Џизс во Кембриџ ја врати статуата на петел украдена од страна на британските војници во 1897 година, еден од стотиците бронзени предмети ограбени од некогаш моќното Кралство Бенин (1180-1897), кое се наоѓало во денешна Нигерија и кое нема врска со денешната држава Бенин. Се работи за некои од културно најзначајните африкански артефакти, објави Reuters.

„Тоа е исправно, од почит кон уникатното наследство и историја на овој артефакт“, рече Сонита Алејн, директорка на колеџот, пред церемонијалното предавање на статуата на нигериската амбасада.

Фигурата му била дадена на колеџот во 1905 година од татко на студент. Колеџот уште во 2019 година објави дека ќе ја врати во Нигерија.

Настанот е пресвртница во долгогодишната борба на африканските земји за враќање на артефактите ограбени од западните истражувачи и колонизатори, во време кога многу европски институции се борат да се справат со културното наследство на колонијализмот.

Германија се согласи следната година да започне со враќање на бронзените предмети од Бенин што ги чува во своите музеи.

Британскиот универзитет во шкотски Абердин објави дека во четврток ќе врати една бронзена скулптура од Бенин со ликот на главата на кралот Обе. Скулптурата универзитетот ја купил на аукција во 1957 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон во 2017 година им рече на студентите од Буркина Фасо дека „африканското наследство не може да биде само во европските приватни колекции и музеи“.

На церемонијата со која ќе претседава Макрон, музејот на кејот Бранли ќе ѝ врати на Република Бенин 26 артефакти украдени во 1892 година од Кралството Абомеј. Тоа е дел од 5.000 предмети чие враќање бара оваа западноафриканска земја.

Нигериската влада му се заблагодари на Колеџот Џизс што го отвори патот за враќање на артефактите порачувајќи дека со нетрпение очекуваат и други институции да ги вратат украдените артефактите.

Британскиот музеј проговори за „можности за споделување и изложување“ на предмети од неговата колекција во Нигерија, но никогаш не спомена за нивно враќање.

реклама

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе