Шефот на Apple, Тим Кук, неодамна зборуваше за новите AI функции, а повеќе детали за ова ни носи порталот AppleInsider.
Како што е наведено, еден од најголемите фокуси на новите уреди ќе биде на Siri - овој асистент, меѓу другото, треба да добие можност за анализирање и сумирање на пораките од апликацијата Messaging.
Специјализираниот портал претходно објави дека слична функција Intelligent Search доаѓа на Safari за iOS 18 и дека корисниците со неа ќе можат да резимираат интернет страници.
Софтверот на Apple (LLM), наречен Ajax, ќе стои зад овие карактеристики на вештачката интелигенција, а неколку извештаи сугерираат дека Apple работи на тоа да донесе „AI processing“ на iPhone.
Извештајот на AppleInsider вели дека Ajax користи on-device processing за да генерира едноставни одговори, но мора да се консултира со серверите за да дојде до одговори на некои посложени барања.
Ова е местото каде што, можеби, ќе стапат Google или OpenAI, бидејќи Apple наводно преговара со овие компании за да ја донесе вештачката интелигенција на iPhone.
Функциите за вештачка интелигенција за уредите на Apple, исто така, се очекува да ја подобрат приватноста на корисниците, но веројатно нема да слушнеме повеќе за тоа до следниот месец и годишната конференција на Apple.