По две години пауза, Хајди Клум се врати како дождовен црв за прослава на Ноќта на вештерките. Легна за да позира пред новинарите, а потоа ја креваа луѓе од сите страни.
Една од најуспешните жени во Холивуд, познатата манекенка Хајди Клум уште еднаш докажа дека ѝ нема рамен. И вчера ја оправда титулата дека е кралица за маскирање за Ноќта на вештерките, бидејќи кој би очекувал дека на забавата ќе се појави маскирана во црв и во друштво на сопругот, кој беше маскиран во рибар со црвот како мамка.
Хајди легна покрај сопругот за да се фотографира, но потоа не можеше никако да стане.
Новинарите ја прашаа од каде ѝ е идејата да се маскира во црв.
„Се обидував да размислувам малку надвор од вообичаеното и да смислам нешто поинакво. Минатата година размислував и ми дојде на ум идеја дека маскирање во дрво или некоја билка би било навистина кул, а потоа некако од растение дојдов до дождовен црв“, изјави Хајди и објасни дека за маскирањето биле потребни 10 часа.
„Мислам дека ова е еден од најдобрите костими, чуден е и необичен. Но, да бидам искрена, тешко ми е да се движам во него. Вака немам ни раце, ни нозе. Кога ќе паднам, треба некој друг да ме крене. Некако сум заглавена, па чувствувам клаустрофобија“, изјави манекенката.
Хајди уште еднаш докажа дека е мајстор за маскирање, но и дека зад неа има одличен тим експерти кои ѝ помагаат во реализацијата на овие костими.