Хакирани Twitter профилите на Елон Маск, Бил Гејтс, Барак Обама, Apple

Twitter профилите на бројни познати личности, но и успешни компании, синоќа беа хакирани во најголемата крипто-измама досега на оваа платформа.

Барањата на хакерите биле да им се плати во биткоини.

CNN објави дека засегнати биле профилите на Елон Маск, Барак Обама, Бил Гејтс, Џо Бајден, Џеф Безос, Ворен Бафет, Мајкл Блумберг, Apple и Uber, меѓу другите.

Компанијата Twitter соопшти дека се преземени драстични мерки и се блокираат сите твитови и објави од овие профили кои ќе бидат заклучени до решавање на ситуацијата.

„Свесни сме за безбедносниот инцидент. Истрагата е во тек и преземаме чекори како да ја средиме ситуацијата“, напишаа од Twitter.

URL
URL

 

На профилот на Бил Гејтс осамна пораката: „Ќе ги удвојам сите уплати на мојата биткоин адреса во следните 30 минути. Вие уплатете 1.000 долари, јас ќе ви дадам 2.000 долари“. Слични пораки се појавија и на другите профили.

Веднаш се огласи портпаролот на основачот на Microsoft кој разјасни дека тоа не е твит што го напишал Гејтс.

URL

Извршниот директор на Twitter, Џек Дорси, рече дека ова бил „тежок ден за сите во компанијата“.

URL

Ова беше најголемиот безбедносен инцидент на Twitter досега. Невообичаениот обем на нападот сугерира дека можно е хакерите да добиле пристап на ниво на системот, а не на поединечни профили. Експертите се изненадени од обемот и координираноста на нападот.

Дмитри Алперович, соосновач на компанијата за сајбер-безбедност CrowdStrike, вели дека ова е најголемиот напад на голема платформа за социјална мрежа досега.

Експертите истакнуваат дека хакерите најверојатно имале пристап до внатрешната инфраструктура на Twitter.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Вести

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе