Хамес: Лани за малку не си заминав од Реал

Колумбискиот офанзивец открива дека минатото лето малку фалело да си замине од Мадрид откако за него имало понуди од клубови од Шпанија и од Италија.

Хамес Родригес дојде во Реал Мадрид од редовите на Монако веднаш по Мундијалот во Бразил 2014 година каде импресионираше со неговите настапи за репрезентацијата на Колумбија. Првата сезона ја одигра одлично, но потоа неговата форма почна да оди надолу.

„Имаше многу добра понуда од еден шпански тим, која Реал Мадрид ја одби. Сепак нема да го откријам името на клубот. Мислев дека сѐ е договорено, но не ми дозволија да потпишам. Сакаа да одам во друг клуб“, открива Хамес зборувајќи за колумбискиот портал Gol Caracol.

За играч со квалитети како Хамес не поминува преоден рок со само една понуда од добар клуб. Открива дека можел да се пресели и на Апенините и на Далечниот Исток.

„Потоа имаше и друга понуда од Италија која сепак не ме убеди. Едноставно мислев дека не е добра. Мојот агент Хорхе Мендес ми кажа и дека пристигнала понуда од Кина, но таа веднаш ја одбив. Му реков дека не сакам да одам таму бидејќи сѐ уште имам што да покажам во Европа“, вели тој.

Под водство на Зинедин Зидан офанзивецот не е во преден план. Малку игра и поради тоа често се шпекилураше дека причината за тоа е дека не е во добри односи во Французинот. Сепак, тој тоа го демантира.

„Никогаш сум немал проблем со Зидан. Секој тренер има свој вкус. Со него имам нормален работен однос. Немам главна улога, но тренирам напорно за кога ќе дојде мој ред да можам добро да одиграм“.

реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Фудбал

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе