Хаотични сцени на натпревар на Бока Жуниорс: Има жртви, фрлен солзавец на теренот

Големи немири го одбележаа натпреварот во аргентинската Примера помеѓу Химнасија Ла Плата и Бока Жуниорс.

По хаотичните сцени во Индонезија пред пет дена, нови навивачки немири го потресоа светот. Овојпат во Аргентина, каде синоќа беше откажан мечот помеѓу Химнасија и Бока.

Најмалку едно лице загина по жестока пресметка меѓу навивачите и полицијата. Немирите почнале пред стадионот веднаш штом започнал натпреварот. Тепачката се проширила на терен, а потоа интервенирала и полицијата.

URL

Судијата реши да ја прекине играта во деветтата минута, а полицијата мораше да пушти солзавец за да ги смири нередите. 

URL

Портпаролот на полицијата рече дека полицајците изјавиле дека бил употребен солзавец поради недостаток на безбедност за да се контролира ситуацијата. Едно лице загина, а неколку се тешко повредени.

URL

Хаосот настанал откако навивачите на домаќините Химнасија се обиделе насилно да влезат на стадионот во преголем број.

Аргентинските медиуми објавија дека полицијата го застрелала камерманот на TyC Sports, Фернандо Ривера додека тој ги снимал луѓето кои го испалиле солзавецот. Се појави и видео од тој настан.

URL

„За жал, најмалку едно лице е мртво“, рече министерот за безбедност на Буенос Аирес, Сержо Берни.

Навивачот починал по проблем со работата на срцето, откако бил фрлен солзавец на теренот. Навивачите паника се обидувале да најдат излез од стадионот.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе