Американскиот актер Харисон Форд се враќа како авантуристот Индијана Џонс во петтиот дел на истоимениот филм.
Режисер на филмот е Џејмс Манголд, а петтото продолжение би требало да биде и последно во кое 78-годишниот актер ја толкува улогата на Индијана Џонс.
Disney најавата ја соопшти на виртуелна презентација. Премиерата е закажана за јули, 2022 година.
Во интервју од 2013 година, Харисон Форд изјави дека ќе биде совршено ако се врати во улогата на познатиот авантурист.
„Видовме како ликот се развива и расте во одреден временски период и сосема е соодветно да се појавам како Џонс и во следното продолжение. Тоа што за мене беше особено интересно со овој лик е што ги надмина сите препреки и имаше храброст, памет и интелигенција. Иако на моменти беше и исплашен, се покажа дека може да преживее. Токму и јас тоа можам да го постигнам, толкувајќи ја оваа улога“, изјави актерот.
Харисон Форд за првпат ја толкуваше улогата на Индијана Џонс во 1981 година.