Хеликоптер на МВР го гаси пожарот кај планината Песјак

Одделот за воздухопловни единици на МВР со хеликоптер од типот „Bell 212“ денес продолжи со гаснење на пожарот кој го зафати делот помеѓу селото Крушица и планината Песјак и Кичевија.

Како што соопшти МВР, при гаснењето на пожарот во период од шест и пол часа беа исфрлени 35 тони вода. Пожарот е локализиран со што не е дозволено да се прошири кон селата Козичино и Дупјани.

– Ова е уште еден показател дека МВР е сервис на граѓаните во сите сегменти на полициското работење, а заштитата и безбедноста на граѓаните е наш приоритет, стои во соопштението.

Хеликоптерската единица за полициски намени, која во рамки на МВР постои од 1969 година, е опремена со три хеликоптери марка „Бел“.

-За да се овозможи успешно користење на опремата беше спроведена меѓународна обука од словенечката полиција, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени, потсетуват од МВР. 

Тагови
реклама

Македонија

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more

Во мај уште еден продолжен викенд

Read more

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Read more
 

Вести

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе