Хеликоптерот Ingenuity постави нов рекорд на Марс

Американската вселенска агенција соопшти за нов рекорден лет извршен од Ingenuity на Марс.

На 19 април 2022 година Ingenuity стана првото летало кое успешно изврши лет на Црвената планета откако достигна висина од 3 метри, а потоа лебдеше 30 секунди, па слета на површината.

Оттогаш, минијатурниот хеликоптер изврши низа летови на Марс, а сега постави нов рекорд. НАСА соопшти дека Ingenuity го сними својот дваесет и петти и рекордно најдолг лет во кој прелета 704 метри при брзина од 3,5 метри во секунда.

Воедно, ова беше најдолгиот и најбрзиот лет на хеликоптерот на НАСА. Ingenuity се крена на висина од 10 метри и полета југозападно, а максималната брзина ја достигна за помалку од 3 секунди.

Иако се работи за црно-бела снимка, видлив е песокот како и релативно рамниот терен на кој може да слета без проблеми. Летот траеше 161,3 секунди, но снимката е забрзана околу пет пати така што трае помалку од 35 секунди.

Самото слетување не е снимено бидејќи камерата е програмирана да се деактивира кога пропелерот ќе се најде на еден метар од површината за да се осигури дека нема да се крене прашина во текот на полетувањето и слетувањето, со цел да не пречи за навигацискиот систем.

Remote video URL
Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вести

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе