КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Хендикеп за Македонија: Барди сепак нема да игра со Германија и Лихтенштајн

Филип Здравески
/ 04.10.2021 / 09:58

Креативецот од средниот ред, Енис Барди, поради повреда нема да може да ѝ се стави на располагање на репрезентацијата за квалификациските натпревари против Лихтенштајн в петок и против Германија на 11-ти.

Од Фудбалската федерација на Македонија утрово ја соопштија лошата вест за нашиот национален тим, вест која и не беше до толку неочекувана со оглед на тоа што Барди не игра ни во својот клуб Леванте. Тој има повреда на задниот бутен мускул која ја доби играјќи токму за репрезентацијата на последниот септемвриски натпревар против Романија.

Селекторот Благоја Милевски нема да повикува друг фудбалер како замена за повредениот Барди. Всушност, замена веќе има бидејќи новопечен репрезентативец е поранешниот младински репрезентативец на Шведска, Ердал Ракип, кој одлучи во иднина да ги брани боите на Македонија, земјата од каде потекнува (неговите се од Преспа).

Репрезентативците од синоќа почнаа да се екипираат во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Во базата пристигати се Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Висар Муслиу, Тихомир Костадинов, Дејан Илиев, Стефан Спировски, Кире Ристевски, Дамјан Шишковски и Никола Ѓорѓев. Сите останати повикани денеска ќе му се приклучат на тимот. 

Првиот тренинг македонската репрезентација ќе го има денеска од 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Ново Лисиче.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Фудбал

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Read more

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more
 

Спорт

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе