Хит на TikTok е рецептот од рузмаринова вода за растење на косата

Едно од најгледаните видеа на TikTok е рецептот за рузмаринова вода, мелем за кој се вели дека косата расте неверојатно брзо, дури и ако сте ја изгубиле.

Видео клиповите во кои корисниците на оваа социјална мрежа покажуваат како им изгледа косата од ден на ден, по користењето на овој мелем, на многумина им ја враќаат надежта.

Се вели дека рузмаринот е добар за обновување на сува коса, го ублажува чешањето на скалпот и промовира раст на нова коса.

Рузмаринова вода за коса, ако може да му се верува на TikTok, го храни скалпот подобро од многу производи што можете да ги купите и лесно е да се направи. Помага и за хидратација на скалпот – додавајќи ги многу потребните антибактериски својства за да се ублажи чешањето и сувата кожа.

@lifeaszeph Replying to @AbCdrfhjss The proof is in the pudding #hair #rosemaryoil #minoxidil ♬ Untitled - JOIE GREY

Иако сè уште нема достапни многу научни докази за ефикасноста на рузмаринот во негата на косата, една студија објавена во 2013 година посочува дека екстрактот од листовите од рузмарин може да го промовира повторното растење на косата кај луѓето со андрогена алопеција.

Експертите објаснуваат дека маслото од рузмарин има високи антигабични и антибактериски својства и навистина може да биде корисно во борбата против првутот.

Сепак, потребни се повеќе истражувања за подобро да се разбере потенцијалната врска помеѓу рузмаринова вода и здравјето на скалпот. Ако одлучите да го пробате овој едноставен тренд, научете како да направите вода од рузмарин подолу.

Потребни состојки:

  • 2 чаши вода
  • 2 гранчиња рузмарин

Подготовка:

Истурете ја водата во сад и ставете ги гранчињата рузмарин. Гответе на средна топлина додека не зоврие водата и оставете да се вари 15 минути. По 15 минути исклучете го шпоретот и оставете го да отстои уште 25 минути, или додека целосно не се излади. Тогаш течноста треба да добие црвеникава нијанса. Процедете го растворот и истурете ја течноста во шише со распрскувач. Користете пред секое миење на косата. Чувајте ја водата во фрижидер до две недели.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе