Оскаровецот Хоакин Феникс ќе се појави во улога на францускиот цар Наполеон Бонапарта во новиот филм на режисерот Ридли Скот.
Снимањето веќе започна во Велика Британија, а сега се објавени и првите фотографии од сетот. Актерот е облечен во војничка униформа со препознатливиот стил на Наполеон. Францускиот имепратор е прикажан многу реалистично.
Дејството во филмот се одвива околу подемот и падот на Наполеон, за неговата нестабилна романса со Жозефина, улогата ја толкува 34-годишната Ванеса Кирби.
Првично, новиот филм беше насловен како „Kitbag“, но подоцна е преименуван во „Napoleon“. Проектот е финансиран од Apple Studios и ќе биде прикажан на Apple TV+ во 2023.