Министерството за одбрана на Холандија соопшти дека два холандски борбени авиони F-35 пресретнале три руски воени авиони во близина на полскиот воздушен простор и ги извеле од оваа област.
- F-35-те мораа да ја идентификуваат и да ја водат формација на авиони. По идентификацијата, се покажа дека станува збор за три авиони: руски ИЛ-20М Кут-А придружуван од два СУ-27 Фланкери (НАТО ги вика Фланкер, оригинално се Сухой Су-27, заб. на прев.). Формацијата беше придружувана од далечина, а насоките им беа предадени на партнерите од НАТО, соопшти Министерството.
Руските авиони се приближиле до воздушниот простор на НАТО и Полска од Калининград, руска енклава на Балтикот помеѓу Полска и Литванија.