Хоормонскиот дисбаланс е проблем со кој се соочуваат многу жени, а неговото детектирање обично следи по низа други неуспешни „потраги“ по изворот на проблемот.
За воспоставување хормонска рамнотежа важен е внесот на здрави масти, контрола на апетитот, избегнување штетни хемикалии, уредно спиење и вежбање кое помага во регулација на телесната тежина, ослободување од стрес и подобрување на имунолошкиот систем, вели д-р Љиљанка Михајловиќ, специјалист по интерна медицина
Хормоните се органски соединенија кои дејствуваат во мали количини и влијаат на регулација на основните метаболистички процеси во организмот, обезбедувајќи раст и развој на различни ткива и на целиот организам. Улогата на хормоните е метаболистичка, продуктивна и репродуктивна. Зборот хормон значи да се „покрене“, „надразни“, „поттикне“.
Ендокрините жлезди лачат хормони. Најмало пореметување во функцијата на овие жлезди може да ја наруши хормонската рамнотежа и да доведе до заболување. Во нашето тело се случуваат хормонски промени, но кога ќе дојде до неурамнотежено дејство на хормоните кое има за последица нарушување на здравјето, тоа го нарекуваме хормонски дисбаланс. Причините за хормонски дисбаланс се пореметувања предизвикани од комбинација на повеќе фактори, како што се генетика, стрес, прекумерна телесна тежина, физичка неактивност, алергија на храна и проблеми со цревата, токсични материи, објаснува д-р Михајловиќ.
Како да го решите хормоналниот дисбаланс на природен начин, слушнете во сведоштвото на Никол Колтер од блогот More Salt Please.