Хрватска ги претстави своите евра: На монетите и Тесла, и глаголицата

Хрватска ќе го воведе еврото како своја национална валута, а премиерот Пленковиќ денеска претстави како ќе изгледа националната страна на монетите од хрватските центи и евра.

На Советот за воведување на еврото, премиерот Андреј Пленковиќ ги претстави дизајните на националната страна на хрватските монети од евро и центи.

На монетата од 2 евра ќе стои карта на Хрватска, на 1 евро - куна, на 50, 20 и 10 центи Никола Тесла, додека на 5, 2, 1 цент ќе биде напишано ХР со глаголица.

Remote video URL

„Дизајнот на мотивите што ќе ја претставуваат Хрватска ќе се најде на монетите од еврото и центите кои ќе бидат во оптек во Хрватска и другите 19 земји членки на еврозоната, а Владата со заклучок потврди дека мотивите се: хрватска шаховница, карта на Република Хрватска, куна, ликот на Никола Тесла и писмото глаголица“, рече Пленковиќ.

Секоја земја има можност да стави национален мотив на едната страна од паричката, а во Хрватска се искристализираа следните предлози: мотивите ќе бидат шаховница, и тоа на сите монети, потоа карта на Хрватска, куни, Никола Тесла и глаголица.

Заднината ќе биде шаховницата, а на монетата од 2 евра ќе биде картата на Хрватска, на 1 евро куната, на 50, 20 и 10 центи Тесла, а глаголицата на која стои скратеницата ХР на 5, 2 и 1 цент, беше откриено претходно, по што беше објавен конкурс кој беше анонимен.

На монетата од 2 евра ќе има и стих од Химната на слободата на Гундулиќ „O lijepa, o draga, o slatka slobodo“.

Монетите ќе важат во целата Европска Унија

Националниот план за замена на хрватската куна со евро, усвоен од владата во декември 2020 година, предвидува избор на мотиви и нивниот графички дизајн за националната страна на монетите евра, а Хрватската народна банка е назначена како институција која ќе ги набавува евро банкнотите и монетите.

За разлика од евро банкнотите, кои се исти во сите членки на еврозоната, монетите во евра и центи носат информации од земјата издавач и ги прикажуваат националните симболи на земјата на задната страна. Реверсот на монетата затоа се нарекува и национална страна на монетите во евро и центи. Кога Хрватска ќе го воведе еврото за својата валута, евро монетите издадени во Хрватска ќе бидат во оптек и ќе важат во сите земји од еврозоната.

„Изборот на мотиви особено е важен бидејќи монетите со мотиви кои ја симболизираат Хрватска ќе се користат надвор од нејзините граници. Со оглед на сложеноста на производството на монети, подготвителните активности веќе се започнати. Производството на монети евро со хрватска национална страна треба да започне најрано шест месеци пред денот на воведувањето на еврото, односно по одлуката на Советот на ЕУ дека Хрватска го воведува еврото“, соопшти хрватската влада.

URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе