Кибер-окото функционира исто како човечкото око

Научниците долги години работат на креирање колку е можно подобро вештачко око, но тешко е да се направи нешто што ќе изгледа како вистински човечки орган.

Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија во Хонгконг креираа нова верзија на кибер-око, чија функција и структура има многу сличности со човечкото око.

Вештачката мрежница е изработена од алуминиум оксид исполнет со густо испреплетени нано-жици. Тие се чувствителни на светлина и се направени од соединение наречено перовскит, што најчесто се користи во соларните ќелии.

Тие работат како нервни клетки во човечкото око, пренесувајќи електрични сигнали коа се активираат од светлина. Ова кибер-око има дијаметар од два сантиметра, а празнината во центарот е исполнета со спроводлива течност, пишува британското списание New Scientist.

Научниците веќе тестираа дали кибер-окото го препознава тоа што му се покажува. Тие го поврзаа окото со компјутер, по што ги препозна буквите I, E и Y. Тие истакнаа дека, во теорија истото би се случило доколку го поврзат со човечкиот оптички нерв.

Можностите на кибер-окото се до одреден степен слични на човечкото. Гледа речиси ист спектар на светлина, а времето на реакција е побрзо. Сепак, иако работи исто како човечкото око, сигурно ќе биде потребно долго време пред вештачко око, како што е ова, да се искористи за да им се врати видот на луѓето.

Недостатоците кај кибер-окото се тоа што има помал агол на гледање од десната страна, а резолуцијата е многу пониска отколку, на пример, кај мобилните телефони.

Исто така, научниците веруваат дека еден ден би можеле да го снабдат кибер-окото со сончева светлина, па можеби нема да биде потребен посебен извор на енергија, барем додека не се стемни надвор.

И покрај сѐ, ова би можело да сигнализира возбудлива пресвртница во технологијата, иако веќе ги поместува границите на можностите за вештачко око. Со доволно прецизност и правилен развој, ова може да доведе до импланти кои го обновуваат видот.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе