Славниот актер Кијану Ривс неодамна се појави на Comic Con Experience во Бразил, каде откри кој филм му бил најтежок за снимање досега.
Станува збор за четвртиот дел од акцијата „John Wick“, кој ќе се прикажува следната година, пишува LADbible.
„Што се однесува до акцијата, ова е најтешкиот филм што некогаш сум го снимил, но затоа е толку добар“, изјави тој.
Актерот објасни дека една од најтешките сцени за него била борбата што се одвива во близина на Триумфалната капија во Париз, а откри дека во новото продолжение непријателите на Вик „ќе доаѓаат од секој дел на планетата“.
„Многу луѓе ќе сакаат да се соочат со Џон Вик“, откри тој.
Премиерата на филмот е закажана за 24 март 2023 година, а покрај Ривс се појавуваат Лоренс Фишбурн, Иан Мекшејн и Ленс Редик.