Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Макфакс/Кајгана
/ 30.11.2023 / 18:40

Кинескиот ровер Zhurong има радарски систем, кој може да навлезе под површината на Марс и подобро да погледне во неговата скриена подземна област. Научниците објавија нови резултати од скенирањето на местото на кое слета Zhurong и рекоа дека на длабочина од 35 метри забележале неправилни полигонални форми.

Објектите се со големина од неколку сантиметри до неколку десетици метри. Експертите веруваат дека закопаните геометриски објекти се, всушност, формации создадени за време на циклусот на замрзнување и одмрзнување на Марс пред неколку милијарди години, но дека би можеле да бидат и од вулканско потекло, создадени по ладењето на тековите на лавата.

Роверот Zhurong слета на Марс на 15 мај 2021 година, со што Кина стана втората земја во историјата, која успешно слетала ровер на Црвената планета. Zhurong, именуван по богот на огнот во кинеската митологија, по слетувањето, ја истражи околината, ја проучуваше топографијата на Марс, направи мерења со својот радар и дури испрати селфи на кое позира со својот лендер.

Требаше да биде функционален три месеци, но успешно работеше нешто повеќе од една година, а потоа влезе во планирана хибернација. Ништо не се слушна од него од мај 2022 година до сега кога беа објавени новите резултати од скенирањето, пишува Universe Today.

Утопија Планитија е голема рамнина во рамките на Утопија, најголемиот познат слив на Марс и во Сончевиот Систем. Се проценува дека има дијаметар од 3.300 километри. Кинескиот ровер за време на својата мисија патувал 1.921 метар.

Кинеските научници известуваат дека радарот на роверот открил шеснаесет полигонални формации на растојание од околу 1,2 километра, што покажува дека овој тип на подземен терен може да биде широко распространет под Утопија Планитија.

Remote video URL

Пронајдените геометриски форми, веројатно, биле формирани пред 3,7 до 2,9 милијарди години за време на доцната хеспериска и раната амазонска епоха на Марс, при што теренот последователно бил покриен со подоцнежни геолошки процеси. Иако на површината на Марс веќе се забележани полигонални геолошки формации, ова е прв показател дека тие се наоѓаат и во подземјето на Црвената планета.

Претходните студии на радарските податоци на Zhurong покажаа дека повеќекратните поплави во иста временска рамка создале неколку слоеви под површината на Утопија Планитија. Затоа научниците веруваат дека големите климатски промени на Марс се одговорни за овие необични форми.

„Контрастот на карактеристиките над и под длабочина од 35 метри укажува на значајна трансформација на активноста на водата или термалните услови, што имплицира дека поголеми климатски промени се случиле на ниски до средни географски широчини“, објаснуваат научниците.

Истражувањето наречено „Закопан палео-полигонален терен откриен под Утопија Планитија на Марс од радарот Zhurong“ беше објавено во списанието Nature.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе