Кинезите ја ископираа оригиналната „буба“, па ќе ја нудат во Европа

Веќе се патентирани две верзии на дизајнот во Европската канцеларија за интелектуална сопственост.

Откако во април ја претстави својата верзија на Volkswagen Beetle во Кина, Great Wall Motors се чини дека реши да го донесе овој модел на Стариот континент.

Имено, овој производител патентираше две верзии на дизајнот во Европската канцеларија за интелектуална сопственост, со што практично го заштити дизајнот на копијата на „буба“ во „двор“ на Volkswagen.

Апликацијата е одобрена од европското тело, а патентот важи во следните пет години со можност за продолжување на најмногу 25 години.

Интересно е што Great Wall Motors во Кина соработува со BMW. Што се однесува до Volkswagen, германскиот гигант досега не се огласи по овој повод.

Освен препознатливиот дизајн, реинкарнираната кинеска „буба“ нема никаква врска со Volkswagen и ја носи ознаката ORA Punk Cat (во имињата на моделите од брендот ОРА задолжително се содржи зборот „cat“/„мачка“).

За разлика од оригиналот, ORA Punk Cat има 4 врати и електричен погон, додека внатрешноста е исто така во ретро стил, вклучително и волан кој потсетува на оној од оригиналниот VW „буба“.

Кинескиот производител сè уште не ги објавил техничките детали за овој автомобил, а не е познато ниту кога ќе започне продажбата.

ORA Punk Cat debuts in Shanghai This is probably the coolest new car on the 2021 Shanghai Auto Show. It is the ORA Punk...

Posted by CarNewsChina.com on Monday, April 19, 2021
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Авто новости

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе