Климатизација во автомобилот: Која е идеалната температура за возење?

Не претерувајте со ладењето, но немојте ни да возите во сауна.

При високи температури како оние што се најавени наредниве денови, возачите бараат освежување во клима-уредот, но не треба да се претерува. Екстремите сигурно не се добри, ниту премногу висока температура, ниту премногу ниска.

Шесте региони во државава Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот од денеска се зафатени од високи температури во портокалова фаза. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 а максималната од 34 до 41 степен Целзиусов. Слични температури се предвидуваат и за следните денови, па бидете внимателни и следете ги препораките.

Ако е 30°C надвор, не поставувајте ја климатизацијата во автомобилот на, на пример, 17°C. Не е ниту здраво ниту добро, особено кога ќе излезете од возилото по долго возење и ќе стапнете во тропски услови.

Германскиот автомобилски клуб ADAC обично препорачува температури помеѓу 22 и 25 степени. На тој начин ќе останете фокусирани додека возите.

Не насочувајте го воздухот директно кон главата или торзото, туку насочете го отворот за вентилација кон шофершајбната.

Потрошувачката на гориво со вклучен клима-уред расте до еден литар гориво на 100 километри. Но, не штедете на ова.

Дури и кога во автомобилот е 27 степени, станува стресно зад воланот. Температурата на телото и пулсот се зголемуваат.

Ова ја намалува способноста за концентрација и брзината на реакција.

Доколку температурата се зголеми од 25 на 35 степени, ризикот од несреќи се зголемува за 20 проценти. Ризикот е како да возите со 0,5 промили алкохол во крвта.

Која е за вас идеалната температура за возење и како ја прилагодувате климатизацијата во топлите денови?

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе