Климатските промени земаат данок: Океаните никогаш не биле потопли

Температурите во океаните продолжуваат да растат.

Минатата година беа забележани највисоките температури на океаните во историјата на мерењата, што е шеста година по ред како се соборува овој рекорд. Научниците велат дека главната причина за тоа е глобалното затоплување, односно климатските промени.

„Температурите на океаните немилосрдно се зголемуваат на глобално ниво, што е примарен показател за климатските промени предизвикани од човековата активност“, рече климатологот Кевин Тренберт од Националниот центар за атмосферски истражувања во Колорадо.

Потоплите води на океаните влијаат на создавање на посилни бури, урагани и екстремни врнежи, а тоа го зголемува ризикот од тешки поплави. Загреаната океанска вода се шири на север и на југ, уништувајќи ги ледените плочи на Гренланд и Антарктикот, што пак влијае на порастот на нивото на морето.

Засега нѐ штитат од екстремно високи температури

Океаните апсорбираат околу една третина од јаглерод диоксидот создаден од човековите активности, што доведува до нивно закиселување. Овој процес ги уништува коралните гребени - дом на четвртина од светскиот морски свет и извор на храна за повеќе од 500 милиони луѓе, пишува The Guardian.

Како што светот се загрева поради согорувањето на фосилните горива, уништувањето на шумите и другите активности, океаните го преземаат најголемиот дел од дополнителната топлина. Океаните апсорбирале повеќе од 90% од топлината произведена во последните 50 години, привремено заштитувајќи ја копнената флора и фауна од екстремно високи температури.

Количината на топлина што ја апсорбираат океаните е огромна. Минатата година, горните 2.000 метри од океанот, каде што се случува најголем дел од затоплувањето, апсорбираа 14 зетаџули топлина повеќе од 2020 година. За споредба, годишната потрошувачка на енергија во светот е приближно 0,5 зетаџули. Односно, количината на дополнителна енергија во океаните оваа година била 145 пати поголема од вкупното светско производство на електрична енергија.

Додека не достигнеме нула емисии на стакленички гасови, океаните ќе продолжат да се загреваат

Долготрајното затоплување на океаните е најизразено во Атлантскиот и Јужниот Океан, иако треба да се напомене дека минатата година рекордно високи температури беа забележани и на Медитеранот.

„Додека не достигнеме нето нула емисии на стакленички гасови, океаните ќе продолжат да се загреваат. Ќе продолжиме да уриваме температурни рекорди“, рече климатологот Мајкл Ман од Универзитетот Пен Стејт.

Истражувањето Another Record: Ocean Warming Continues through 2021 despite La Niña Conditions беше објавено во списанието Advances in Atmospheric Sciences.

реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе