Клоп: Чекаме другите да кикснат

Фудбалерите на Ливерпул лесно го совладаа Лестер во понеделникот вечерта и ги задржаа надежите за освојување на место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Менаџерот на тимот Јирген Клоп го пофали својот тим, но зборуваше и за шансите на „црвените“ да дојдат до едно од првите четири места.

Ливерпул до триумфот стигна со головите на Кертис Џонс во првото полувреме и голот на Трент Александер-Арнолд во вториот дел.

Ливерпул сега има само бод помалку од Њукасл и Манчестер Јунајтед и натпревар повеќе од над своите ривали во борбата за место во Лигата на шампионите.

До крајот на сезоната, на тимот на Јирген Клоп им остануваат уште два натпревари – дома со Астон Вила (20 мај) и на гости кај Саутемптон (28 мај). Јунајтед оди кај Борнмут (20 мај), а потоа ќе ги пречека Челси (25 мај) и Фулам (28 мај).

Њукасл ќе ги пречека Брајтон (18 мај) и Лестер (22 мај), а во последното коло ќе му гостува на Челси (28 мај).

„Многу работи се сменија во нашата игра и сега играме во поинаков ритам. Мислам дека нашите ривали во борбата за Лигата на шампионите би биле среќни доколку загубевме од Лестер. Посакувам да бевме во нивната ситуација. Мора да бидеме спремни доколку тие направат кикс, но не би рекол дека е веројатно. Не знам дали тоа ќе се случи. Ќе забележиме ли две победи? Тоа ни јас не го знам“, изјави менаџерот на Ливерпул.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе