Клоп подготвува сензационален камбек на Суарес

Ливерпул изгледа ќе го донесе Луис Суарес во своите редови летово, објави британски Daily Mail повикувајќи се на шпански извори.

Јирген Клоп делумно ќе го реконструира тимот летово, а најголем проблем му е потенцијалното заминување на Мохамед Салах. Египќанецот во неодамнешното интервју изјави дека би сакал да игра за Реал или Барселона, а по многу слабата сезона во Ливерпул, постои опција навистина да го напушти „Енфилд“ на лето.

Доколку се случи тоа, Ливерпул ќе бара нов напаѓач, а по малку е неверојатна веста дека ќе го донесе 34-годишниот Суарес за оваа позиција.

Уругваецот е во страшна форма и со своите 19 гола го задржува Атлетико на врвот на табелата.

Покрај шпанските клубови, за Салах, наводно, се заинтересирани и ПСЖ и Баерн, но Англичаните тврдат дека треба да дојде астрономска понуда на „Енфилд“ за која клубот би го ослободил својот најдобар играч. Но, ако Ливерпул не влезе во Лигата на шампионите следната сезона, ќе биде тешко да го задржи Салах.

Луис Суарес беше во Ливерпул од 2011 до 2014 година и постигна 82 гола на 133 натпревари со 47 асистенции. Летото 2014 година, откако Ливерпул остана без титула на „инфарктен начин“, Уругваецот замина во Барселона за вкупно 82 милиони евра.

реклама

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе