Џорџ Клуни се сети на Метју Пери и истакна дека неговата улога во култната серија „Friends“ не му донела среќа.

Тој откри дека Пери отсекогаш сакал да добие улога во ситком и дека тоа ќе го направело најсреќниот човек во светот.
„Тој беше дете и сè што ќе ни кажеше, мислам на себеси, Ричард Кинд и Грент Хеслов, беше: 'Само сакам да влезам во ситком, човеку. Само сакам да бидам на обичен ситком и ќе бидам најсреќниот човек во светот'“, изјави Клуни за ER.
Сонот му се остварил со добивањето на улогата на Чендлер Бинг во „Friends“, но и тогаш не можел да биде среќен поради зависноста од дрога.
„И ја доби улогата, една од најдобрите, но не беше среќен. Тоа не му донесе радост, среќа или мир“, изјави Клуни за ER.
Клуни потоа раскажа како соработувале, но дека не знаел низ што поминува Пери.
„Едноставно знаевме дека не е среќен и немавме поим што прави. Не знаевме за 12-те викодина што ги зема на ден и за сите други работи што ги призна, сето тоа е потресно“, рече тој.
На крајот истакна дека парите и успехот не гарантираат среќа и дека едноставно мора човек да биде среќен со себе.