Кое е идеалното време за сите три оброци?

Б.С.Б.
/ 18.05.2022 / 14:01

Со добро планирање и подготовка на оброците може да ја балансирате исхраната во текот на денот, како и да спречите глад кој доведува до прејадување во текот на оброкот.

Нутриционистот Одра Вилсон вели дека клучот за избегнување на прејадување е планирањето кога ќе јадете. Всушност, јадењето оброци во редовни интервали во текот на денот може да помогне да се изборите со драматични болки и промени во расположението.

Појадок

По ноќ без храна, појадокот е се што му треба на вашиот организам. Исто така, појадокот поставува основа за вашата исхрана во текот на целиот ден и ви дава енергија потребна за да се соочите со предизвиците на денот.

Ако го почнете денот со празен желудник може да се чувствувате исцрпено и до средина на утрото да посегнете по „грицки“ како чипс. Планирајте да појадувате во рок од еден час по будењето.

Ручек

Ручекот би требало да биде околу 4 до 5 часа по појадокот. На пример, ако сте појадувале во 7 часот наутро, ручајте меѓу 11 и 12 часот. Ако не можете да јадете до 14 часот во одреден ден, тогаш планирајте ужина меѓу двата оброци.

Вечера

Многу луѓе имаат тенденција да се прејадат за вечера бидејќи не јаделе доволно во текот на денот. За време на вечерата треба да го следите истиот распоред како и претходните оброци, да внимавате меѓу ручекот и вечерата не поминат повеќе од 4 до 5 часа.

Некои луѓе ќе мора да изедат ужина меѓу ручекот и вечерата бидејќи вечерата во 16 или 17 часот не е секогаш реална.

Што да правите ако не сте гладни?

Многу луѓе велат дека не се гладни во одредено време за оброк, особено не за појадок. Ако го прескокнувате, го учите телото во тоа време да не испраќа сигнали на глад, бидејќи долго време биле игнорирани. На вашето тело му е потребна енергија наутро.

Ако почнете повторно секојдневно да појадувате, ќе се вратат природните знаци на глад.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фит

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе