Кое е најдобро време за вежбање ако целта ви е слабеење?

А.С.
/ 19.09.2023 / 20:17

Оние кои одат во теретана после работа можеби ќе треба да го сменат распоредот.

Американско истражување на 5.825 средовечни возрасни покажа дека вежбањето помеѓу 7 и 9 часот наутро е најдобро време за слабеење.

Учесниците во студијата кои вежбале во тој период од денот, по седум дена, имале помал индекс на телесна маса (BMI) и помал обем на половината од луѓето кои вежбале попладне или навечер.

Учесниците беа поделени во три групи. Првите вежбале од 7 до 9 часот, вторите од 11 до 13 часот, а третите од 17 до 20 часот. За првата група се пријавиле 642 доброволци, за втората 2.400 и за вечерната 2.187. Просечниот BMI на учесниците од утринската група бил 25,9, што е малку над здравиот опсег кој се движи од 18,5 до 24,9. Попладневната група имаше просечен BMI од 27,6, а третата група имаше просечен BMI од 27,2.

Обемот на половината на учесниците во утринската група беше во просек 91,5 сантиметри, додека во попладневната група беше 95,8 сантиметри, а во вечерната група 95 сантиметри.

Научниците веруваат дека утринското вежбање би можело да биде најдобрата опција за оние кои сакаат да ги изгубат вишокот килограми, бидејќи полесно се придржуваат до распоредот, а луѓето имаат помала веројатност да бидат одвлечени од телефонски повици, е-пошта или состаноци. Резултатите се претставени во новиот број на списанието Obesity.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе