Кое е совршеното милениче за вас според хороскопскиот знак?

Домашните миленици ни го збогатуваат животот на многу начини. Кога се грижите за друго суштество и му пружате љубов, правите нешто добро за себе.

Кога го шетаме кучето - си го подобруваме здравјето. Кога галиме мачка - се ослободуваме од стресот.

Постојат многу различни видови на домашни миленици и може да биде многу тешко да се одлучи само за еден, но вашиот хороскопски знак може да ви помогне да го пронајдете совршеното милениче.

Овен

Најдоброто милениче за Овните е куче од расата Бостонски териер. На Овните им треба милениче кое ќе одговара на нивната динамична енергија, а тоа е токму овој мал териер. Тој е подготвен да се движи кога сте.

Бик

Мотото на овој знак е „бавно и стабилно“, и токму поради тоа желката е логичен избор за милениче за Биковите.

Близнаци

Близнаците можат да комуницираат со секого, па нивното совршено милениче е папагал кој зборува.

Рак

Ракот е грижлив едукатор, зошто да не посвоите милениче со посебни потреби? Ќе имате на што да се фокусирате и да ја насочите вашата неизмерна љубов.

Лав

Бидејќи Лавовите се храбри и моќни, им треба моќна мачка како домашно милениче. Сервал е вистинскиот избор за нив. Оваа дива мачка потекнува од Африка, не е класична домашна мачка, но е одлично милениче кое преде, писка и мјаука.

Девица

Девиците се практични и многу се фокусираат на деталите. Одлично милениче за овој знак ќе биде ласица. Таа е мирна, пријателска, интелигентна и совршена пријателка.

Вага

Вагите многу тешко носат одлука. Затоа е најдобро за овој знак да има по едно домашно милениче од секој вид.

Скорпија

Скорпија најмногу би сакала да има змија за домашно милениче. Змиите се мистериозни и непредвидливи, исто како и луѓето родени во знакот на Скорпија.

Стрелец

Стрелците се диви и слободни, па токму затоа коњот е најдобро решение за овој знак. Се надеваме дека ова животно ќе може да одговори на енергијата на неговиот сопственик. Стрелците се авантуристи, па нема да им пречи да патуваат до ергелата за да го посетат своето милениче.

Јарец

Јарците се практични и затоа кучето е одличен избор на домашно милениче за овој знак. Акита би бил добар избор затоа што е достоинствена, храбра и лојална раса.

Водолија

Водолијата е луда по техниката, па најмногу ќе им одговара хрчак. Водолијата би му обезбедила на ваквото домашно милениче супер кафез со цевки, тркала и разни сензори.

Риби

Рибите се екстремни сонувачи и можат да бидат многу заборавни. Токму затоа и рибите се идеални миленичиња за овој знак. Тие ќе уживаат да гледаат во аквариум исполнет со егзотични риби, па дури и ако заборават да ги хранат своите миленици, нема проблем - рибите можат да преживеат и до една недела без храна.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Живот

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе