Кое јужно овошје има најмногу витамин Ц? Не е ниту портокал, ниту лимон

Кога велиме витамин Ц, веднаш помислуваме на убав и сочен портокал. Но, овој агрум не е најдобриот извор на витамин Ц што природата може да ни го понуди.

Секако, портокалите се одличен извор на аскорбинска киселина, многу корисна - меѓу другото - за превенција и борба против настинки и грип, бидејќи ја зголемува одбраната на нашиот имунолошки систем.

Сепак, најбогатиот агрум со витамин Ц е клементинот: ова овошје, многу слатко и без семки, доаѓа од вкрстување на мандарина и горчлив портокал и содржи 54 милиграми аскорбинска киселина на 100 грама.

Можеме да го воведеме во секојдневната исхрана и да го консумираме свежо или да го искористиме за подготовка на вкусни џемови. Исто така, не ја фрламе лушпите: со сушење можеме да ги претвориме во природни украси со многу пријатен мирис.

Агруми е општ назив за јужното овошје со киселкав вкус и својствен мирис, како што се лимонот, грејпфрутот и слично. Агрумите се овошје и растенија од родот цитруси (вклучително Eremocitrus и Microcitrus). Зборот агруми кој се однесува на повеќе видови цитрусни растенија не е термин во таксономијата на култивирани растенија, туку е изведен збор кој е релативно нов во јазикот.

7 добри причини да јадете цитрусно овошје:

1. Богати се со витамини и минерали: Покрај витамин Ц, многу се богати и со витамини од групата Б, како и со магнезиум, фосфор и бакар - како и со преку 60 видови флавоноиди (многу корисни за спречување на срцеви заболувања), каротеноиди (со антиоксидантна моќ) и многу миризливи етерични масла.

2. Извор се на влакна: Во споредба со другите овошја и зеленчук, агрумите се единствени по тоа што имаат поголем сооднос на растворливи и нерастворливи влакна. Сметајте дека само една шолја парчиња портокал веќе содржи 4 грама влакна, корисни за подобрување на подвижноста на дигестивниот систем, за губење на тежината и за спречување на дијабетес.

3. Нискокалорични се: Цитрусите всушност содржат многу малку калории, а нивната содржина на вода и влакна имаат силна моќ на заситување. На пример, мала клементина содржи само 35 калории, среден портокал содржи 62, а лимон само 12!

4. Го намалуваат ризикот од камен во бубрег: Камен во бубрег често е предизвикан од ниските нивоа на цитрат во урината. Многу овошја и зеленчук, особено агрумите, можат да го зголемат нивото на цитрат во урината, намалувајќи го ризикот од овој проблем.

5. Заштитуваат од рак: Многу студии го поврзуваат цитрусното овошје со намален ризик од одредени видови на рак. Тоа е затоа што цитрусното овошје содржи голем број компоненти со силна антиоксидантна моќ, способни да го блокираат изразувањето на некои гени одговорни за некои дегенеративни болести, вклучувајќи го и ракот.

6. Го подобруваат здравјето на срцето: Според едно јапонско истражување спроведено пред неколку години, оние кои јадат големи количини агруми имаат помала стапка на срцеви заболувања и мозочен удар. Дополнително, се вели дека грејпфрутот е поврзан со природно намалување на крвниот притисок, според ова истражување.

7. Го штитат мозокот: Последно, но не и најмалку важно, флавоноидите содржани во агрумите можат да помогнат во заштитата од невродегенеративни болести, како што се Алцхајмерова и Паркинсонова болест, кои се резултат на распаѓањето на клетките во нервниот систем.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Живот

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Read more

Како да препознаете квалитетни јајца?

Read more
 

Магазин

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Читај повеќе

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Читај повеќе

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зебра избегала од зоо во Сеул и со часови талкала низ градот

Читај повеќе

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Читај повеќе

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Читај повеќе

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Читај повеќе

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Читај повеќе