Кога треба да направите домашен ковид тест?

Милиони луѓе ширум светот купиле брзи тестови за COVID-19 преку интернет и во продавници.

За разлика од конвенционалните, лабораториски обработени PCR тестови, кои можат да откријат инфекција на почетокот на болеста, но може да поминат неколку дена пред да дојдат резултатите, брзите домашни тестови даваат резултати за помалку од 15 минути.

Многу експерти ги гледаат како клучна алатка за надминување на пандемијата, под претпоставка дека граѓаните знаат како и кога да ги користат. Експертите за јавно здравје велат дека брзите тестови се добри за голем број ситуации, вклучително и пост-симптомско тестирање и за намалување на ризикот од пренесување на вирусот на други лица, особено на децата кои сè уште не се подобни за вакцинација или на оние со поголем ризик од сериозна болест.

„Само во последните два месеци користев домашни тетсови за сите три главни индикации, појавата на симптоми на ковид, изложеност на ковид и пред да се приберам во затворен простор со чувствителни поединци“, рече д-р Алок Пател, доцент по педијатрија на Универзитетот Стенфорд.

Тестирајте се ако имате симптоми

„Ако забележите дека нешто се променило и имате невообичаени симптоми, тоа е добра причина да се тестирате“, вели д-р Тод Елерин, директор за заразни болести во South Shore Health во Вејмут, Масачусетс.

Симптомите на COVID-19 вклучуваат висока температура, кашлица, стомачни проблеми, болки во грлото, болки во мускулите, замор, главоболка, повраќање и дијареа. Неколку симптоми на COVID-19 се преклопуваат со обичната настинка или грип, а единствениот начин да се открие разликата е преку тестирање. Затоа, доколку имате симптоми, останете дома и задолжително тестирајте се.

Тестирајте се за да ги заштитите другите

Дури и ако немате симптоми, тестирањето е корисно по можна или позната изложеност на вирусот, пред собири во затворени простории или генерално поголеми собири, пред патување или кога се среќавате со лица со висок ризик или имунокомпромитирани лица.

„Јас користам тестови пред да се сретнам без маска со пријателите и семејството кои се изложени на висок ризик од хоспитализација доколку се разболат. Особено сум претпазлив за луѓето кои се лекуваат од рак и роднините кои живеат во установи за нега“, рече д-р Алиса Билински, асистент проф. по здравствена политика на факултетот за јавно здравје Браун.

Некои училишта со деца кои се премногу мали за да се вакцинираат бараат неделни брзи тестови во понеделник наутро пред почетокот на училишната недела. Други училишта им дозволуваат на вакцинираните ученици да се вратат по изложувањето на вирусот користејќи брзи тестови за да се уверат дека ќе останат негативни.

Тестирајте се ако сте биле изложени

„Ако сте асимптоматски, но сте биле на два метри од лице со симптоми слични на ковид или позитивен тест вкупно 15 минути или повеќе во период од 24 часа, треба да се тестирате“, рече д-р Џеј Бат од Семејниот христијански здравствен центар во Чикаго.

Статусот на вакцинација не треба да влијае на одлуките за тестирање или толкувањето на резултатите. „Со повисоката стапка на пробив на омикрон, тестирањето генерално се применува на сите без разлика на статусот на вакцинација“, рече д-р Џон Браунштајн, епидемиолог на Универзитетот Харвард.

Како да се тестирате и да ги интерпретирате резултатите?

Проверете дали вашиот домашен тест е одобрен од надлежниот регулаторен орган и точно следете ги упатствата на производителот, од складирање преку собирање примероци до датумот на истекување. Одобрените брзи тестови користат назални брисеви, но не бараат од вас да навлезете многу длабоко во носот. Некои бараат мешање на растворот и/или капнување на три, четири или шест капки на картичката, но сите се наменети за возрасни кои не се здравствени работници.

Брзите тестови се многу сигурни доколку се позитивни, но доколку забележат негативен резултат, можно е PCR тест да биде неопходен најмалку 24 часа подоцна. Значи, ако тестот е позитивен, особено ако имате симптоми, безбедно е да се претпостави дека имате COVID-19 и дека треба да бидете во изолација. Спротивно на тоа, негативните резултати може да бидат помалку точни и треба да се толкуваат со претпазливост.

Доколку имате симптоми, но тестот е негативен, можно е да е лажно негативен резултат. Негативните тестови, исто така, треба да се толкуваат со претпазливост ако сте имале контакт со ковид или можна изложеност, да речеме за време на патување.

Резултатите од брзите тестови може брзо да се променат

Во ова сценарио, од клучно значење е да се прават сериски тестови со растојание од најмалку 24 часа. Следете ги специфичните упатства за вашиот тест. Резултатите од брзите тестови може брзо да се променат, така што негативниот тест е сигурен само за 8 до 12 часа. Доколку не е возможен карантин додека се тестирате во серија, носете маска и одржувајте дистанца.

Може да размислите и за PCR тест ако ви требаат попрецизни резултати, но имајте на ум дека PCR тестот може да биде позитивен до три месеци по инфекцијата и преболувањето од COVID-19.

„Доколку имам симптоми и мојот брз тест е негативен, ќе направам PCR тест. Ако сум асимптоматски и првичниот брз тест е негативен, ќе тестирам уште два дена во интервали од 24 часа и ќе продолжам со маскирање и дистанцирање најдобро што можам. Ако треба да бидам со некој кој е со висок ризик или имунокомпромитиран, би направил PCR тест пред да се најдам во близина на тоа лице“, рече Бат.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден купи милијарда брзи тестови, а секое домаќинство во Америка може бесплатно да нарача сет од четири тестови. Тестовите се достапни и во многу аптеки и онлајн продавници. Од осигурителните компании се бара да му надоместат на секој член на семејството до осум брзи тестови месечно, но потрошувачите прво мора да издвојат од 10 до 30 долари по тест.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе