Кои апликации најмногу ја „цицаат“ батеријата на Android смартфоните?

Најчестата поплака за ефикасноста на смартфоните е во врска со траењето на батеријата.

По некое време, корисниците почнуваат да се жалат дека батеријата на нивниот телефон трае пократко отколку кога го купиле, дека некои апликации трошат премногу електрична енергија и дека не се задоволни од уредот затоа што тој „пребрзо се исклучува“.

Решението за овој проблем лежи во неколку многу едноставни потези во однос на навиките на корисникот, како и самиот софтвер.

Кога последен пат проверивте кои апликации најмногу ви ја трошат батеријата?

Време е да влезете во Options. Апликациите сакаат да трошат енергија од батеријата - некои толку многу што почнуваат да го компромитираат нормалното корисничко искуство. Никој не сака да посегнува по полначот неколкупати на ден, но и одењето по нова батерија исто така не е единственото решение.

Програмите како Messenger, Snapchat или Snapseed трошат многу батерија, а причината се рекламите - пред сѐ затоа што смартфонот троши енергија за да ги вчита сите. Ако рекламата е лошо дизајнирана, може да потроши многу електрична енергија.

Другите апликации сакаат „освежување“ во позадина, што значи дека ја трошат вашата батерија дури и кога вашиот Андроид е заклучен. Конечно, постојат апликации за видеостриминг кои трошат многу енергија затоа што екранот е вклучен цело време и тоа често трае и до еден час.

Овие апликации трошат најмногу:

Snapchat

Facebook

Instagram

YouTube

Netflix

WhatsApp

TikTok

Google Maps

Доколку батеријата не ви трае цел ден, намалете ја потрошувачката со следниве модификации, само проверете дали овие трикови работат само на Android 9 и подоцнежните верзии. За почеток, намалете го времето по кое екранот се исклучува. Одете во Settings и изберете Display > Advanced > Screen timeout. Таму одберете интервал како половина минута. Потоа намалете ја осветленоста на екранот. Само влечете од горниот дел на екранот до длу и поместете го слајдерот лево. Ако сакате да му наредите на вашиот смартфон да ја менува осветленоста по потреба, вклучете го адаптивното осветлување одејќи во Display > Adaptive brightness.

Конечно, можете да ги исклучите звукот и вибрациите на тастатурата. Сè што треба да направите е да отидете во Options и да изберете Sound > Advanced каде што можете да ги исклучите звукот или вибрациите. Откако го наместивте звукот, време е да ги исклучите опциите како што е mobile hotspot или ако сакате, да го исклучите автоматското поврзување на Wi-Fi.

Што е со „гладните“ апликации?

Иако ги набројавме најпопуларните апликации што најмногу ја трошат батеријата, виновникот во вашиот случај може да биде нешто друго. Ако не сте сигурни која апликација прави најголема штета, отворете ги опциите и одете во опцијата Battery > More (менито со три точки) > Battery usage. Откако ќе дознаете кој троши најмногу енергија, лесно можете да ги користите помалку, освен ако не сте сигурни дека наскоро ќе го поврзете телефонот со полнач.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе