Кои се најопасните хороскопски знаци?

Базата на податоци на сериски убијци Killer.Cloud направи листа од 488 сериски убијци и ги категоризираше според хороскопските знаци, за да открие кој знак е најопасен.

Ова е листата на хороскопски знаци, од најопасниот до најмалку опасниот во однос на нивните лоши особини. Сепак, ова не треба буквално да го сфатите и мислите дека некој е опасен штом е роден од овој или оној хороскопски знак.

Значи, сфатете го едноставно како забава.

Јарец

Важи за убедливо најопасен знак во Зодијакот бидејќи е склон на разни криминални активности без разлика дали станува збор за ситни кражби или сериозни работи.

Нивна маана е што се не се многу умешни, па во тоа можат да бидат и лесно фатени.

Лав

Луѓето родени во овој знак делуваат психотично поради нивниот темперамент. Во нив владеат страсти, многу се импулсивни и тоа може да ги турне во другата страна од законот.

Скорпија

Луѓето родени во знакот на Скорпија се опасни поради нивните склоности кон агресија и љубомора. Доколку тие нивни лоши особини се вклопат со лоши околности, може сешто да се случи.

Многу се вешти манипулатори, па дури и ако самите не вршат злосторство неретко управуваат со оние кои тоа го прават за нив.

Стрелец

Острата личност го прави Стрелецот опасен, а често и многу вешт крадец. Луѓето родени во овој знак физички не би повредиле никого, освен ако животот не им зависи од тоа.

Дефинитивно имаат склоност да направат нешто незаконско за да дојдат до пари.

Водолија

Имаат манипулаторска жичка која е изразена кога ќе одлучат да се одмаздат некому. Од друга страна, многу се харизматични и тоа им помага вешто да манипулираат со другите. Често се и одлични хакери.

Вага

Вагите можат да се вплеткаат во измами со пари или дрога. Иако важат за личности кои ја сакаат правдата, сепак може да се најдат и од другата страна на законот. Иако ретко го кршат законот, кога го прават тоа се дел од некоја група или организација, не сакаат тоа да го прават сами.

Овен

Не поднесуваат авторитет, односно некој да биде доминантен па дава отпор на сите можни начини.

За да ја избегнат постојаната трка по пари и постигнат успех во животот, не се плашат да се занимаваат со нелегална кариера.

Риби

Луѓето родени во знакот на Риби се многу темпераментни и лесно збудалуваат, па во тие моменти умеат да бидат опасни ако им застанете пред патот.

Близнаци

Луѓето родени во знакот на Близнаци се опасни бидејќи се недоследни и можат да се вплеткаат во измама. Најчесто се склони кон злосторства кои подразбираат насилство.

Девица

Имаат природен талент да украдат нешто и не бидат фатени, а во тоа им помага нивната озогласена особина – перфекционизам.

Хакирањето и ограбувањето се нивна специјалност доколку се занимаваат со криминални активности и тогаш им е многу тешко да влезат во трага.

Рак

На Раковите им недостасува ментална стабилност, па поради тоа можат да направат злосторство од страст.

Бик

Имаат незгоден карактер, а кога ќе забегаат стануваат вистински диктатори. Тие се родени лидери, имаат решителност на која никој не може да им се спротивстави, па се во состојба да завладеат со светот, ако се одлучат на тоа.

реклама

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе